Distribucija na biznisot (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Distribucija na biznisot (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
СОУ “Гошо Викентиев”-Кочани
Проектна задача
по предметот
Бизнис
Тема:
Дистрибуција на бизнисот
Кочани, 2010 г.
Вовед
Многу важен сегмент од процесот на производството е неговата дистрибуција. Дистрибуцијата претставува пренесување на производот од производителот до крајниот потрошувач.
Како таа ќе се изврши зависи од можностите на претпријатието како и способностите и начинот на организирање на менаџментот во претпријатието.
Дистрибуцијата е процес во кој учествуваат голем број субјекти и институции и може да се изврше на различни начини. Кај поголемите претпријатија со помал асортиман на производи, дистрибуцијата може да ја врши самото претпријатие. Додека кај големите претпријатија за дистрибуцијата на производите се транспортни претпријатија или агенции кои ја вршат таа улога.
Во процесот на дистрибуција исто така важна улога имаат и следниве компоненти кои учествоваат во неговата дистрибуција и продажба: производител, трговец и купувач.
Производител, трговец, купувач
Дури и пред производот да биде готов за продажба, менаџментот во претпријатието, треба да ги определи методите и патиштата што ќе се користат за неговото пласирање на пазарот.
Ова практично, значи воспоставување на стратегии во поглед на каналите за дистрибуцијата на производите и нивна физичка дистрибуција.
Потоа е потребно, постојано да се набљудува реализацијата на сите дистрибутивни активности.
Под дистрибуција на производството се подразбира збир на деловни активности кои го насочуваат текот на движењето на стоките и услугите од производителот до потрошувачот или корисникот, што практично се изедначува со дефинирањето на маркетингот.
Можеби повеќе би одговарало на суштината, поимањето на дистрибуцијата како стадиум кој следи по производството, а започнува од моментот кога стоките се комерцијализирани и трае до нивното прифакање од крајните потрошувачи.
Дистрибуцијата ги опфаќа сите активности во трансверот на стоките, од производителот до потрошувачот, како што се:
пренос на сопственоста (набавка и продажба)
физичко движење на стоката (транспортот)
плаќање на стоката (финансирање)
Според тоа дистрибуцијата на некој начин значи процес на пренесување сопственоста на производот, од поединецот или организацијата што го произведува до потрошувачот, кому му е потребен и го купува. Произведените стоки мора физички да се транспортираат од местото на произведување до она место каде што има потреба од нив. За разлика од нив, услугите вообичајно не се пренесуваат туку се извршуваат и се користат на самото место.
Во прометот на производите кои што се наменети за широка потрошувачка, основното настојување е производителот по најбрз пат да се приближи до крајниот потрошувач и да овозможи брза дистрибуција.
Оптималното задоволување на потребите на потрошувачот, се остварува во маркетинг-концепцијата преку продажната политика на претпријатието (политика на асортиманот, продажните цени).
2.1 Субјекти во дистрибуцијата
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET