Marketing miks za produkt (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Marketing miks za produkt (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Студиска програма: корпоративни комуникации
и односи со јавноста
Маркетинг микс за автентичен продукт
Студент: Наставен професор:
Цветанка Сиљаноска
Декември 2009 Прилеп
СОДРЖИНА:
Вовед
Производ (product)
Цена (price)
Дистрибуција (place)
Промоција (promotion)
Заклучок
ВОВЕД :
Штом компанијата ќе ја избере својата целокупна конкурентска маркетинг-стратегија, таа е подготвена да почне да ги планира деталите на маркетинг-миксот.Маркетинг миксот е една од главните идеи во модерниот маркетинг.
Го дефинираме како група тактички маркетинг-алатки кои може да се контролираат, кои ги спојува фирмата за да го добие одговорот што го сака на целниот пазар. Маркетинг миксот се состои од сето она што фирмата може да го направи за да влијае врз побарувачката за нејзиниот производ. Многуте можности се групираат во четири варијабли, познати како „четири Р“ :
Производ (product)
Цена (price)
Дистрибуција (place)
Промоција (promotion)
Значи маркетинг миксот претставува филозофија на менаџирање со која се задоволуваат потребите на потрошувачите и корисниците, со превземање и координација на маркетинг активностите. Тоа значи дека суштината на маркетингот, неговата појдовна основа, се реализира преку маркетинг концептот.
ПРОИЗВОД (PRODUCT)
Производ значи севкупност на „стоки и услуги“ што му ги нуди компанијата на целниот пазар. Со производот се задоволуваат потребите на потрошувачите и нивните желби. Оттаму, карактеристиките на производот се од големо значење токму од тој аспект.
Од друга страна пак оние кои нудат на пазарот производи, преку продажбата на производите ги остваруваат своите цели: покривање на трошоците и остварување на профит.
Во Македонија често се сретнуваат потрошувачи кои преферираат да сошијат уникатно парче облека за себе отколку да одат и да купат нешто готово од продавниците за облека. Мојата идеја за производ е отворање на бутик кои ќе нуди уникатни и оригинални парчиња облека кои се сошиени рачно и по порачка на самиот потрошувач.
Карактеристиките на производите кои ги нудам се можноста на потрошувачите да добијат парче облека кое ќе биде точно изработено по пропорциите на нивното тело и ќе имаат можност доколку нешто не им се допаѓа тоа да се поправи и облеката ќе се создава врз основа на нивните желби и идеи.
Она што е најпривлечно во ваквиот производ е токму тоа што облеката кој ќе ја купат ќе биде уникатна и оригинална, материјалот со кој ќе се изработи таа може да го донесат сами или да одберат од материјалите со кои ние веќе ќе располагаме во бутикот.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET