Promocija - suština i funkcija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Promocija - suština i funkcija (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
СЕМИНАРСКА РАБОТА
по предметот
ТЕОРИЈА НА МАРКЕТИНГ
на тема
Промоција – суштина и функција
Студент
Проф. Д-р Здравко Гаргаров Јулијана Мазнева дипл.мен
Свети Николе, 2011
Содржина
Вовед . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .2
1. Промоцијата како елемент на маркетинг миксот . . . . . .3
2. Компоненти на промоцијата . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .5
3. Суштина и функции на промоцијата . . . . . . . . . . . . . . . .8
4. Цели на промоцијата . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .11
Заклучок . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .13
Користена литература . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .15
Вовед
Промоцијата претставува елемент на маркетинг миксот кој е заснован на комуникацијата и чија цел е да ги информира, потсети или убеди потрошувачите за предностите на производот кој го промовира. Под поимот “промоција” се подразбира процес на комуницирање помеѓу фирмите и потрошувачите со цел да се створи позитивен став за производите и услугите кој води кон нивно фаворизирање во процесот на купување на пазарот. Промоцијата е важен елемент на маркетинг миксот зошто при продажбата на производите/услугите неопходно е да потрошувачот биде запознаен со карактеристиките на тој производ. Промотивните кампањи се организираат со цел запознавање на пазарот, потрошувачите и корисниците на производите. Планирањето на производно - промотивната програма се спроведува преку следното:
се врши проценка на маркетинг можностите,
се бираат комуникационите канали,
поставување на крајни цели,
одредување на промотивен микс,
развивање на промотивна порака,
развој на промотивен буџет и
детерминирање на ефективна кампања.
Во планирањето на промоцијата треба да се земат во предвид не само карактеристиките на целниот пазар туку и постоењето на различни категории на продавачи.
Не е доволно за бизнис да се има добри производи и по атрактивни цени. За да ја генерираат продажбата и профитот корисноста од производот мора да биде соопштена на потрошувачите, а тоа го врши промоцијата. Добрата усмереност кон потрошувачот бара вистинска комуникација со потрошувачот поради информациите, а не поради непосакувано влијание на потрошувачот. Овде секако постои убедување, но за да би се укажало на разликите на производот а не да се придобие потрошувачот кој воопшто не е заинтересиран. Маркетингот прави разлика измеѓу вистинскиот однос со потрошувачите и обичната трговска размена, зошто во маркетингот се знае дека со промотивниот притисок може да се постигне продажба, но не се стекнува верен потрошувач.
1. Промоцијата како елемент на маркетинг миксот
Промоцијата претставува комуникациска функција на маркетингот. Комуникацијата со потенцијалните потрошувачи е од исклучително значење за реализација на целите на фирмата. И најдобриот маркетинг не може да привлече клиенти на одреден целен пазар, ако тие не се информирани за содржината на производот и каде можат да го најдат. Затоа, фирмите одделуваат не малку средства и настојувања за усовршување на промоцискиот комплекс.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET