Perspektivite na marketingot (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Perspektivite na marketingot (makedonski)". Rad ima 9 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
МАРКЕТИНГ
ТЕМА : Перспективите на маркетингот - есеј
Маркетингот во пазарно ориентираните претпријатија претставува јадро на претпријатието и негова задача е да управува со побарувачката, а не само да ја стимулира, ориентиран е кон добивка, а не кон продажба, се применува на сите пазари на претпријатието (пазар на работна сила, пазар на капитал, пазар на суровини) а не само на пазарот на купувачите.
Маркетингот како современа филозофија на работење на претпријатијата многу зависи од околината на претпријатијата. Претпријатието треба да ја следи и истражува околината , бидејќи со тоа си создава нови можности, а се откриваат и опасностите и потешкотиите како што се енергетската криза, зголемувањето на каматните стапки, рецесијата односно стопанската криза и слично.
Од периодот на педесеттите години, кога е зацврстена суштината на принципите на современиот маркетинг, маркетингот помина низ повеќе облици на прилагодување на околината, предизвикани од петте главни кризи во западните стопанства и тоа: конзумеризмот (1965), еколошкото движење (1968), недостигот на ресурси (1972), инфлацијата (1973) и рецесијата (1974).
Во периодот на конзумеризмот дефиниран како организирано движење на поединци и групи граѓани за зголемување на правата и влијанието на купувачите врз продавачите, конзумеристите бараат по пат на уверување и донесување на прописи за работата на претпријатијата да се зголеми информираноста, образованието и заштитата на потрошувачите. Тие се залагаат за истакнување на цените на секој производ, преиспитување на асортиманот на производите и утврдување на нови производи, зајакнување на контролата на составните елементи на производите, изработка на сигурна амбалажа, информативно етикетирање, гаранција за производите.
Еколошкото движење или енвироментализмот , кој се јавува како движење на заинтересирани граѓани заради заштита и облагодорување на животната околина, акцентот на маркетинг системот го става на решавање на барањата за максимализирање на квалитетот на живеење. Тие ги поддржуваат напорите за воведување на даноци и прописи со кои би се намириле трошоците за заштита на човековата околина, се бараат инвестициони вложувања за вградување на уреди и апарати против загадување на околината, да не се користи амбалажата која се отфрла и создава отпадоци, детергенти кои содржат фосфати, производите да не создаваат загадување. Во овој период, маркетингот акцентот го става:
Преиспитување на методите и технологијата на производство и утврдување на постапките кои предизвикуваат или претставуваат извор на загадување на животната околина
Преиспитување на карактеристиките на производите и амбалажата
Развој на нови производи и уреди кои се користат против загадувањето т.н. еколошки производи
Интензивирање на истражувањата и прибирање информации сврзани со еколошките проблеми
Со појавата на енергетската криза – недостигот на одредени суровини и храна и кога во многу земји порастот на производството во стопанството е доста ограничен, дури на нула или негативен, кога има пораст на инфлацијата, во практиката на купувачите и продавачите доаѓа до различно однесување.
Кај купувачите најзабележливи се следните реакции:
Во почетокот купувачите сами себе си се уверуваат дека недостатоците на производите се од времен карактер
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET