Politika na kvalitet (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Politika na kvalitet (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП
ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ
НАСОКА: Индустриска логистика
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПРЕДМЕТ: СИСТЕМИ НА КВАЛИТЕТ
Тема: Политика на квалитет
Ментор Изработил
Декември, 2013 година
Содржина
Бр.на страна 1. Вовед …………………………...........................................……… 3 - 4стр. 2. Стратегиски менаџмент …………..……………………………… 4 - 5стр. 3. ИГМ -ТРЕЈД Кавадарци …………………………………………. 6 - 7стр. 4. Риве Шпед Богданци …………………………………………. 8 - 9стр. 5. АЛКАЛОИД АД Скопје ………………. ……………………… 10стр. 5.1 Историјат на сертификати ………………………………… 9-12стр. 5.2 Интегриран менаџмент систем ........................................ 13-14стр. 6. Заклучок ....................................................................................... 15стр. 7. Користена литература................................................................. 16стр.
Вовед
Инвестирањето во човечките ресурси стана исклучително значајно прашање во градењето на општество и креирање на економија заснована врз знаење. Човечкиот капитал е клучниот елемент за развој на секоја земја.
Значајни цели на органзизирањето на макро и микро организациите се унапредување на квалитетот на работење, подигнување на ефективноста при работењето, подобрување на пристапот до квалитет и т.н.
Подобрувањето на квалитетот во организациите може да помогне во насока на подобра употреба на ресурсите како и за постигнување на важните цели како што се еднаква и ефективна употреба на средствата кои се издвојуваат за организациските потреби.
Од не помало значење е и прашањето на евалуацијата на успехот на вработените, но и на организацијата во целина во насока на тоа како ги реализираат зацртаните обврски и какви резултати покажуваат во својата активност.
Во изучувањето и праксата на организацијата, одлучувањето е широкораспространета и променлива категорија и поим, со различно значење. Одлучувањето е старо колку и самото човештво. Секој човек секојдневно донесува повеќе број различни одлуки кои претставуваат дел од неговиот секојдневен живот. Носењето одлуки е вештина која се усовршува со текот на времето и со искуството. Одлучувањето исто така е процес кој трае подолго или пократко време, а се завршува со донесување одлука.Од друга страна работењето на секое претпријатие го прати непрекинато донесување на различни врсти одлуки. Процесто на одлучување во претпријатието е поврзан и заокружен, донесувањето на една одлука е условено од претходните одлуки, односно од нивното извршување.Од средината на минатиот век настанала и почнала да се развива посебна научна дисциплина - ТЕОРИЈА НА ОДЛУЧУВАЊЕ.Во организациски поглед, одлучувањето е тесно врзано со управувањето. Голем број на теоретичари на организација и менаџмент сметаат дека управувањето и одлучувањето се две страни на едно исто и широк управувачки процес. 
Било кој организациски систем, процес или систем на управување неможе да реализира без процесот на одлучување. Затоа во теоријата и праксата на организацијата е присутно сваќањето за изедначување на одлучувањето со управувањето, без оглед на различната содржина на овие процеси.
Бројни познати теоретичари на организацијата употребуваат термин
‘’ одлучување ’’ ( decision making ) како синоним за управување ( Х.Симон ). Други автори сметаат дека основна содржина на функцијата управување е всушност донесувањето одлука (А.Морита). Иако одлучувањето не претставува единствена содржина на управувањето, тоа претставува една од најважните управувачки функции, која влијае и делува на сите содржини и аспекти на управувањто. Во таа смисла, менаџментот често се изедначува со интегрална функција на управување (Mescon M, Albert M, Khedouri F).Управувачката функција во претпријатието може да се реализираат низ процесот на одлучување. Процесот на одлучување ги опфаќа сите фази кои се јавуваат во одлучувањето, а не само фазите на донесување на одлука. Самата одлука е резултат и исход на процесот на одлучување. Тоа обично претставува извор помеѓу различни алтернативни решенија односно.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET