Zaštita na maloletni lica (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Zaštita na maloletni lica (makedonski)". Rad ima 27 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Кривичноправна заштита на малолетни лица - жртви на кривични дела
А П С Т Р А К Т
Императивната обврска што произлегува од Законот за малолетничка правда (чл. 137) е дека во постапката што се води за кривични дела во кои малолетните лица се жртви на кривични дела, надлежните органи можат да постапуваат само доколку поседуваат соодветно образование, посебни знаења и искуства од областа на правата на детето и за кривично-правната заштита на малолетниците. Ваквата обврска се наметнува за експлицитно наведени субјекти (судовите, јавните обвинители и службените лица на МВР), кон кои се приклучуваат адвокатите и центрите за социјална работа (преку специјализираните одделенија или стручните тимови за малолетници), согласно соодветните одредби на овој Закон. Проучувањете на соодветни кривични дела препознатливи според малолетниците- жртви, извршено е согласно нашиот избор и врз основа на претходно определени критериуми Во проучувањето на овие дела доминантен е кривично-правниот аспект! Нашето внимание при анализата на овие дела е фокусирано, пред се, кон ratio-то на законските решенија што се однесуваат на посебната кривично-правна заштита на малолетниците- жртви, поврзани со битието на конкретното кривично дело, како и кон групацијата на кривичните дела кон кои тоа припаѓа.Во вториот дел од трудот ја разгледуваме посебната процесноправна заштита на малолетници- жртви и нивната положба. Наша генерална оценка е дека овој дел од Законот за малолетничка правда содржи значајни одредби за заштита и соодветни процесни гаранции за правата на овие жртви, усогласени со меѓународните стандарди и решенијата на современите законодавства за малолетници, но и дека има место за нивно подобрување/надоградување. Посебно внимание му посветуваме на нововостановениот Фонд за обесштетување на малолетници-жртви.
Клучни зборови: малолетници-жртви, кривични дела на штета на малолетници, кривично-правна заштита, Закон за малолетничка правда.
A B S T R A C T
Една од целите на Законот за малолетничка правда и на неговата примена и тоа, што посебно е интересно, првонаведена, е остварување на приоритетен интерес и заштита на малолетниците од криминал, насилство и на кој било облик на загрозување на нивните слободи и права и нивниот правилен развој (чл. 2). Целта на Законот што се однесува на заштита на малолетните сторители на кривични дела и прекршоци, согласно истиот член, е второнаведена.При определувањето на содржината на Законот, меѓу другото, се конкретизира дека "со овој закон се уредуваат мерки на заштита на малолетникот како жртва на кривични дела ... (чл. 1 ст. 2). Оваа одредба се операционализира во Петтиот дел од Законот, под општ наслов: Заштита на малолетници жртви на кривични дела во чии рамки е и глава шеснаесетта насловена: Заштита на малолетник како оштетен или сведок во постапката (чл. 137- 143). Тоа воедно е централен дел од Законот со кој се уредуваат прашањата што се однесуваат но оваа категорија на жртви. Но, за ова нешто подоцна во посебен дел од трудот.Фактот дека на прашањето на малолетниците-жртви му се посветува посебно внимание и дека тоа е тренд во малолетничкото казнено законо¬давство можеме да го потврдиме и со некои закони од оваа област кои дури и во својот наслов ја вклучиле овие жртви, како што се законите од соседството, поточно, хрватскиот Закон за судовите за млади и казнени дела на штета на деца и малолетници и српскиот Закон за малолетни сторители на кривични дела и кривичноправна заштита на малолетни лица. Воедно во нив такстативно се набројани делата за кои "Совет на кој му претседава судија кој стекнал посебни знаења од областа на правата на детето и кривичноправната заштита на малолетни лица, им суди на полнолетните сторители на следните кривични дела пропишани со Кривичниот законик, ако оштетен во кривичната постапка е малолетно лице: ..." (чл. 150 од српскиот Закон), односно "Совети за млади и судии за млади (чл. 125) им судат на полнолетните сторители на следните казнени дела на штета на деца и малолетници пропишани со Казнениот закон: /.../ (чл. 117 од хрватскиот Закон).Меѓу прашањата што уште на претходно треба да се разјаснат секако е и дефинирањето на поимот на кривичноправна, односно казненоправна заштита на деца и малолетници- жртви на кривични, односно казнени дела. За вкупноста на казненоправните одредби што служат за засилена заштита на деца и малолетници од криминалните однесувања на возрасните лица и посебностите на судското постапување, во современата правна теорија и во законодавствата се воведува поимот на казненоправнта заштита на децата и малолетниците (Хирјан, Ф., Сингер, М., 1998: 169).Според Обретковиќ, М. (1996: 103), кривичноправна заштита на деца, односно на малолетници претставува збир на правни норми со кои се инкриминираат делата со кои се повредуваат нивниот живот, телесниот интегритет, здравјето, сексуалната личност и воспитувањето. По внимателно разгледување на наведените дефиниции може да се заклучи дека првата дефинција поцелосно ја изразува суштината на казнено-правната заштита на малолетните лица-жртви, земајќи ги предвид и материјалните и процесноправните аспекти на таа заштита (“засилена заштита и посебностите на судското постапување“, кога се во прашање овие жртви). Со прифаќањето на првата дефиниција ќе се избегне опасноста од сведување на казненоправната заштита на инкриминации за кривични дела карактеристични со малолетници-жртви. Употребата на поимот казненоправна заштита, исто така го сметаме за соодветно, бидејќи ги опфаќа и малолетниците- жртви на прекршоци, бидејќи и прекршоците претставуваат казниви дела. Меѓутоа, заради прецизирање напоменуваме дека во овој труд ќе се занимаваме со едниот сегмент на казненоправната заштита, поточно со кривично правната заштита на малолетни лица- жртви на кривични дела, со кој поим се опфатени како оние лица кои не наполниле 14 години ("дете", според терминологија на КЗ до Новелата од 2008 г.), така и оние со наполнети 14 години (сé до нивна осумнаесетгодишна возраст).Уште една општа напомена на самиот почеток се однесува на општата тенденција на современите кривични законодавства, според која: "Во веќе традиционалното општо настојување кон подобрување на положбата на децата, модерните кривични законодавства сé повеќе ја прошируваат зоната на инкири-минацијата, зголемувајќи и диференцирајќи го системот на кривични дела на штета на малолетници." (Обретковиќ, М., 1996: 103) Кон ова би додал дека настојувањата за подобрувањето на положбата на малолетни лица-жртви е забележителен тренд и на совремното кривичното право во целина и еден од столбовите врз кои се потпира казнено правната реформа.На крајот на овој дел би потенцирале дека казненоправната заштита не е единствен правен начин на заштита на малолетници-жртви на кривични дела и прекршоци! Според принципот на постепеност и природата на заштитата, приоритет во однос на интервенцијата спрема оваа категорија на жртви имаат семејноправни и социјално заштитните мерки. На ова се надоврзува уште едно барање, кога е ово прашање оваа област на заштита, поврзано со нужноста од испреплетување и надополнување на правните и стручните стандарди (поопширно за ова во: /ур./ Обретковиќ, М., Пејаковиќ, Љ., 2004: 41-42). Воведните напомени ќе ги завршиме со констатацијата која секогаш треба да се има предвид, дека казненоправната заштита на малолетниците- жртви се смета за ultima ratio во сферата на правната интервенција во однос на оваа категорија на лица!
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET