Samoubistvo (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Samoubistvo (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Семинарска работа по социологија на тема
САМОУБИСТВА
Содржина:
Вовед ............................................................................................................................3
Самоубиство – решение на проблемите...................................................4
Самоубиство и обид за самоубиство...........................................................5
Причини за самоубиство....................................................................................6
Видови на самоубиство.......................................................................................7
Предзнаци на самоубиство...............................................................................8
Однесување на лицата – самоубици.............................................................9
Статистички податоци........................................................................................10
Самоубиства во Република Македонија....................................................11
Зголемен број на самоубиства во Македонија.......................................13
Заклучок......................................................................................................................15
Користена литература.........................................................................................16
Вовед
Животот е една многу ирелевантна работа, која сама по себе не претставува ама баш ништо. Вредноста на еден живот зависи од неговата употреба. Животот е како книга. Кориците на книгата не се важни. Важна е содржината. Па, така и животот. Најважно е како ќе се проживее тој.А, секој човек има сон, кој претставува негова основна импликација. Целта на човекот е реализација на својата имагинација.Имагинација која го проектира идеализираниот поглед на светот, во кој се е добро и прекрасно. Во животот човекот доаѓа во судир помеѓу два контрастни поими: сон и реалност. Човекот е сонувач и сака да сонува. Сака едноставно да избега од реалноста. Сака да оди на места каде што ќе може топлината на сончевиот зрак, кога веќе во реалноста е опкружен со зимското студенило. Животниот пат и судбината на еден човек се двете најнепредвидливи работи. Понекогаш е доволен само еден мал чекор кој ќе го сврти животот за 360 степени. Но, на ум секогаш треба да се има една мисла. Во животот само најсилните опстануваат. Животот треба да се сфати како вечна борба, во која откажувањето не е идеална опција.
Животот е преполн со проблеми, искушенија, предизвици. Некогаш си највисоко на врвот, а некогаш долу во калта. Но, не значи ако дека ако еднаш паднеш во калта, засекогаш треба да останеш таму. Животот е всушност една трагикомична сторија. Настаните завршуваат или со трагичен или со среќен крај. Неизбежен дел од човековиот животен пат се проблемите. Проблемите се најнерешливите загатки и најсуштинските преидизвици во животот. Можеби некогаш изгледаат како енигми, но проблемите не се нерешливи. Како што за секоја врата постои клуч, така и за секој проблем постои рационално решение.
Меѓутоа, луѓето често решаваат едноставно да избегаат од тие проблеми. А најчесто тоа “бегање” е посегање по својот живот, т.е. извршување на најгрозоморниот чин самоубиството. Во човековата внатрешност постои нагон, посилен од сите желби и потреби, т.н. нагон за самоодржување и одбрана на сопствениот физички интегритет. Нагон поради кој човекот постои и успева да го одржи својот вид. Меѓутоа, постои еден важен исклучок од тој нагон. Тој исклучок е токму самоубиството.
Самоубиството претставува длабок, интимен и личен, како и општествена појава т.е. последица на нарушени односи меѓу поединецот и општеството. Според најновите истражувања од Светската здравствена организација (СЗО) околу 2000 луѓе дневно си ги одземаат своите животи. Самоубиството е една од најкомплексните и најзагадочните појави, која била проучувана од еден од основачите на социологијата Емил Диркем. Тој утврдува дека иако се работи за еден личен акт и одлука, сепак зависи од различни општествени фактори,а пред се,од силината на кохезијата на општествената група на која припаѓа едниката. Луѓето кои се под влијание на религиите како јудаизмот, христијанството и исламот го осудуваат самоубиството. Самоубиството никако не може да се сфати како рационално решение, бидејќи животот е најскапоцениот дар.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET