Racija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Racija (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

УНИВЕРЗИТЕТ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" - БИТОЛА
ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ – СКОПЈЕ
СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:
Криминалистичка Тактика I
ТЕМА:
Рација – поим, локации, цел и планирање
Скопје, 2012 година
Содржина
страна
Воведен дел2
Локација за вршење рација 3
Цел на рацијата 4
Планирање на рацијата 4
Спроведување на Шампионска рација 6
План на Шамрионска рација 6
Тактика на вршење на Шампионска рација9
Пример за спроведена рација во Кочани11
Заклучок 13
Користена литература14
1.ВОВЕД
Рацијата претставува молскавична полициска оперативна акција што се состои од опколување и блокирање на оперативното место што се наоѓа на отворен или затворен простор, а се спроведува заради ненадејно лишење од слобода на определени лица или за пронаоѓање и утврдување идентитет на сомнителни лица, како и заради други цели што произлегуваат од проактивното и рактивното криминалистичко постапување.
Всушност, рацијата се сведува на утврдување идентитет на лица затечени на т.н. опасни места. Поимот „рација“ е француски збор „ration“ од арапско потекло „gazwa “ што значи воен поход за запленување робови, оружје и стока. Преку Францзите овој збор во Европа навлегол во XIX век.
2. ЛОКАЦИИ ЗА ВРШЕЊЕ РАЦИЈА
Рацијата најчесто се спроведува на секое она опасно место кое што како конкретно определена локација се дефинира како постојано или повремено собиралиште на деликвенти и на сомнителни лица, по кои полицијата трага по разни основи. Известувањата за потенцијално место на вршење рација се прибираат преку некои од начините на дознавање за постоење на кривични дела. Рацијата може да се врши како на поширок простор( на пр.во поле, во шума и др.) така и на потесен простор( улица, парк, пазар и др.). Каков било затворен простор како потенцијално опасно место, може да претставува објект на рација( зграда, куќа, хотел, ресторант и др. ). На местото на рацијата се откриваат, се фаќаат и им се утврдува идентитет на следниве категории на лица:
Разни сторители на кривични дела (особено професионални деликвенти како типични сторители од навика или пак нивни јатици). На ваков начин се фаќаат претежно сторители на кривични дела од областа на класичниот криминалитет како и шверцари, деликвенти што потекнуваат или вршат кривични дела;
Сторители што поседуваат средства за вршење кривични дела;
Лица што купуваат украдени предмети;
Лица што се бараат по потерница;
Деликвенти што вршат социјално-патолошки однесувања;
Лица без пријавено пристојалиште или живеалиште;
Лица без лични документи;
Рацијата, всушност представува специјален случај на утврдување идентитет на сите лица што се затечени на местото на настанот.
3. ЦЕЛ НА РАЦИЈАТА
Рацијата претставува јавно оперативно-тактичко дејствие што се одвива пред очите на јавноста, меѓутоа, таа истовремено има и конспиративна димензија. Целта и подготовките на рацијата се тајни заради постигнување на позитивен ефект од спроведување на ова оперативно-тактичко дејствие, кое предизвикува интерес и реакции кај јавноста со оглед на тоа дека во кругот на рацијата печиси секогаш неминовно се затечуваат и невини граѓани. Целата на рацијата има репресивно- превентивна компонента насочена кон:
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET