Dijaspora i terorizam (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Dijaspora i terorizam (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
ДИЈАСПОРА И ТЕРОРИЗАМ
Вовед
Со проблематизирање на безбедносните последици на дијаспората за земјите домаќини, се ризикува оставање на впечаток дека дијаспорите создаваат безбедносен предизвик, дека слободните имиграции или закони за бегалци се закана за јавната безбедност, и дека посочувањето на дијаспората низ расни призми и други дискриминаторни мерки е соодветен стратегиски одговор. Во неговатанајекстремна форма, овој вид на говор ја потхранува параноидната ксенофобија на Францускиот Национален Фронт, Австриската Партија на Слободата како и други слични расистички движења. Сепак овие се екстремни мислења на кои можеме да се спротивставиме со фактот дека дијаспората неизмерно ги збогатила општествата преку хуманата историја, на културни, економски и на безброј други начини.Во овој труд не е цел да се раскажуваат овие придонеси, туку за поголема точност на нејзиниот фокус на безбедносни последици важно е да се земе во предвид пошироката перспектива. Безбедносните импликации на дијаспората за земјите домаќини во главни црти се поврзуваат со нивните политички активности.
Поврзаност на дијаспората и тероризмот
Неопходно е да потенцираме дека поврзаноста на тероризмот и дијаспората не е современ феномен кој се однесува само на режимот за време на Студената војна, или т.н слабеење на националната држава, експанзија на еконономската и културната глобализација, проширување на комуникациските технологии или зголемување на глобалната миграција. Преку брз историски преглед може да се покаже дека феноменот на поврзаност на дијаспората и тероризмот постои веќе подолг период како и современиот тероризам.Всушност, корисно е да се прави разлика помеѓу различните типови групи или категории на кои овие ентитети припаѓаат.Првата група е поврзана со брзото развивање на анти^ глобализациското движење кое во последната декада докажа дека е способно да изведува како насилни така и мировни протести, демонстрации, и отпор на полициските сили^главно е составено од туристи отколку од постојано населени припадници на дијаспората. Вообичаено, по учеството во насилните или мирните активнсти како оние во Сиетл, Женева, тие се враќаат во своите земји или одат кон други земји за да изведувааат таму протести. Исто така, некои од „бучните" терористички напади започнати од страна на дијаспората се изведени од реакционерното/закоравено јадро на терористите кои живеат во други земји а доаѓаат во земјата кој е цел на нивниот напад и по завршената мисија ја напуштаат. Желбата да се превенираат овиеакти може да се препознае во воведување на радикалните промени во давање на виза и граничната контрола во многу држави .Втората група е составена од бегалци и барачи на азил. Према Високиот Комесариат на Обединетите Нации за Бегалци (UNCHR), повеќе од дваесет милиони луѓе спаѓаат во овие категории. Ако дванаесет милиони се означени како бегалци, останатите се барачи на азил и повратници во нивните татковини зашто не биле целосно реинтегрирани во нивните општества. Исто така, мнозинството се внатрешно раселени лица, и затоа не е соодветно тие да се сметаат како дел на дијаспората. Спрема UNCHR, главните земји кои имаа бегалци се Бурунди, Судан, Сомалија, Ангола, Сиера Леоне, Еритреја, Конго, Либерија, Руанда, Либан и Јордан, тоа се земји кои неодамна доживеаја внатрешни превирања, бунтови, или тероризам.Третата категорија ги содржи легалните и илегалните, неорганизирани, неодамна пристигнати мигранти-најчесто странски работници или студенти. Иако државите имаат податоци за бројот на легални мигранти, не постојат веродостојни бројки за илегалните мигранти. Атрактивните политички, економски и образовни услови се мотив на овие мигранти да се обидат да влезат во развиените и демократски земји, вклучувајќи ги Австралија и Јапонија. По нападите на 11 септември 2001 година во САД, поголем број од државите преземаа напори за ограничување и контрола на бранот на мигранти за да го превенираат тероризмот и влошените економски услови. И покрај тоа, најголем број од границите, посебно во Европската Унија и во Соединетите Американски Држави се порозни. Како резултат, многу терористички активности се изведени од оваа категорија на припадници во повеќе развиени демократски држави.Четвртата група се членовите на организираната трансдржавна етнонационална дијаспора. Тие се разместени лица во различни области. Членовите на овие ентитети се од исто етничко и национално потекло, со постојан престој во земјата домаќин, интегрирани во неа но не и асимилирани. Јадрото на тие групи е организирано и одржува постојани контакти со својата татковина. Према сегашните проценки, станува збор за повеќе од триста милиони припадници во светскирамки. Некои од овие организирани дијаспори се историски, ветерански и основани. Очигледни примери се Еврејската, Ерменската, Грчката, Индијанската и Кинеската дијаспора. Некои се релативно нови и формирани во деветнаесеттиот и раниот дваесетти век, на пример, Италијанската, Ирската и Полската диаспора. Некои се во зачеток и во почетна фаза на формирање и организирање како Палестинската по 1948 година, Руската во поранешната империа на Советскиот Сојуз и Чеченската. Членовите на веќе формираните но и на дијаспорите во зачеток поддржуваат насилни и терористички активности како во нивните татковини, во земјите каде што престојуваат, или пат во трети или четврти земји. Затоа, посебно внимание треба да се обрне на овие ентитети кои припаѓаат на организираната трансдржавна етнонационална дијаспора.За таа цел, тие ги (зло)употребуваат своите позиции да лобираат во моќните меѓународни институции, кај владите на влијателните европски и светски држави, да собираат пари за финансирање на конфликтот во сите негови фази, дури и за негово евентуално рестартирање. Тие се обидуват да го анимираат и да го придобијат меѓународното јавно мислење за поддршка и остварување на нивните цели, за оправданоста на нивните напори итн. Незадоволни од новонастанатите постконфликтни состојби, тие честопати можат да бидат порадикални и построги во своите барања при детерминирањето на условите за мир отколку претставниците на нивната етничка група која војувала и живее во конфликтното подрачје. Последната категорија може да биде етикетирана како културни и религиозни транснационални припадници кои се дисперзирани. Како во чевртата категорија, тие се разместени групи кои живеат надвор од своите татковини. Тие ги споделуваат истите верувања, иако секој од нив има различно етничко и национално потекло. Примери се Муслиманската, Африканската и Латино дијаспората. Како резултат на терористичките активности изведени одАл Каеда и други дисперзирани Сунитски и Шиитски Муслимански транснационални групи и организации, аналитичарите нив ги претставуваат како хомогени дијаспори. Во реалноста, последниот бран на терористички и насилни активности беше реализиран не од високо организираната и хомогена Муслиманска или Северно Африканска дијаспора туку од посебните и автономни членови на организираните и трансдржавните етнонационални дијаспори, чија единствена заедничка карактеристика е Исламската религија.Дијаспората која активно е вклучена уште од претконфликтната фаза (пари, набавка на оружје, мобилизирање на борци, лобирање итн.), честопати е пречка за воспоставување на мирот дури и кога локалните групи значително се подготвени за мировни преговори. Нивниот конформизам и безбедносна позиција на голема дистанца од воените зони, инсистираат исклучиво на воспоставување на мир по нивна мерка како што замислуваат дека е најдобар. А тоа може да биде нов удар врз сите напори за засидрување на конфликтот во помирни води. Сето тоа, во спрега со определени навики и расудувања на определени милитантни групи, заедно со дејствувањето на сите претходно потенцирани интерни (субјективни и објективни) фактори, претставува сериозна закана и опасност во целост да се елиминира можноста групите инволвирани во конфликтот да се оддалечат од војната и да се приближат кон тишината на мирот.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET