Sloboden pristap do informacii od javen karakter (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Sloboden pristap do informacii od javen karakter (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ
Втор циклус на студии
Меѓународни односи и дипломатија
НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ:
ЕУ- историја, институции и односи
Слободен пристап до информации од јавен карактер, како принцип на демократичност
(семинарска работа)
Изработил, Ментор;
Душко Аврамовски Проф. д-р Стојан Славески
Бр.на индекс 0042/11
Скопје, јуни 2012
СОДРЖИНА
1. Вовед .....................................................................................................3
2. Концептот за слободен пристап до информации од јавен карактер како мехнизам за воспоставување на дијалог меѓу граѓаните и институциите, низ документите на меѓународните организации.............................................................................................4
3. Имплеметација на концептот за слободниот пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија...........7
3.1. Процедура за добивање на информација од јавен карактер во Република Македонија.....................................................................9
4. Заклучни согледувања.....................................................................13
5. Користена литература.....................................................................14
1. Вовед
„Слободата на информирање е едно од основните човекови права и основа за сите слободи за кои се бори Организацијата на Обединетите нации”. Оваа мисла е запишана во една од првите резолуции на Генералното собрание на Обединетите нации.
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер е од особено значење затоа што истиот ќе биде искористен за добробит на државата и за нејзините граѓани. Слободата на информацијата е една од клучните алки во синџирот на демократијата. Многу автори ќе забележат дека повеќе слобода неможе да пречи...а власта која се темели на тајни, не носи корист на никого. Тајност, значи недоверба односно тајни одлуки на владата значат недоверба кај народот, губење на легитимитет...и токму затоа онаа влада која ќе го донесе и истовремено правилно спроведе овој закон за слободен пристап до информации од јавен карактер ќе покаже дека таа го слуша народот и дека во таа држава владее демократијата.
Во годините што изминаа 68 современи демократски земји го донесоа овој закон, а меѓу нив и Република Македонија на 01 февруари 2006 година. Овој закон доведе до поставување на темели за добро законодавство, до поголема вклученост на граѓаните во изготвувањето на законите. Принципот на учество на граѓаните при изготвување политики и закони на ниво на Европската Унија и нејзините држави членки е вграден во Договорот од Лисабон. Поконкретно, членот 10 пропишува дека: “Секој граѓанин има право да учествува во демократскиот живот на Унијата. Одлуките се донесуваат колку што е можно потранспарентно и поблиску до граѓанинот.”
Овој принцип речиси целосно се совпаѓа со оние усвоени од страна на Комисијата на Министерскиот совет на Советот на Европа во Препораката за Пристап до информации кои се чуваат кај јавните власти, уште во далечната 1981 година, како и во една понова Препорака на Советот на Европа за Пристап до службени документи усвоена во 2002 година.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET