Neverbalna komunikacija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Neverbalna komunikacija (makedonski)". Rad ima 11 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Содржина
1.Вовед........................................................................................................................... 2
2. Невербална комуникација......................................................................................... 3
3. Толкување на невербалната комуникација............................................................. 4
3.1. Фацијална експресија.................................................................................. 4
3.2. Говор на тело............................................................................................... 5
4. Позитивни сигнали на невербална комуникација................................................. 7
5. Сигнали на размислување...................................................................................... 7
6. Сигнали на незаинтересираност и неспокојство................................................... 8
7. Знаци на доверба...................................................................................................... 8
8. Знаци на скепса......................................................................................................... 9
9. Негативни сигнали.................................................................................................... 9
10. Сигнали на измама................................................................................................ 10
11. Знаци на брзање.................................................................................................... 10
14. Заклучок.................................................................................................................. 11
Користена литература................................................................................................. 12
1. ВОВЕД
Комуникацијата е процес на размена на информации преку договорен систем на знакови. Научната дисциплина кој ја проучува комуникацијата се вика комуникологија.
Комуникацијата е процес на размена на информации меѓу луѓето, најчесто по пат на јазик. Преку комуникацијата се разменуваат и мисли, чувства и пораки. Комуникацијата обично е опишана преку три главни димензии: содржина, форма и цел. Заедно, содржината и формата на комуникација креираат порака која се испраќа кон целта. Целта може да биде самиот човек или друга особа во интерперсонална комуникација.
Има повеќе видови на комуникација и тоа:
Интерперсонална комуникација – е процес на комуницирање помеѓу двајца или повеќе луѓе кои се оддалечени еден од друг релативно малку
Интраперсонална комуникација – е вид на комуникација која личноста ја прави самата со себе. Една особа интраперсонално комуницира кога размислува, решава некој проблем во главата, прави планови итн.
Говорна комуникација – е вид на комуникација која се одвива со помош на говорот
Невербална комуникација – е вид на комуникација без зборови
Активно слушање – е комуникација во која единственото нешто што личноста го прави е што слуша кога некој друг зборува
Телекомуникација – е комуникација на далечина со помош на електромеханички методи: телефон, телефакс, интернет.
2. НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА
Невербална комуникација е начин со кој луѓето комуницираат меѓусебе без зборови, било тоа да е намерно или ненамерно. Невербалното комуницирање се користи за изразување на емоции, покажување на ставови, одржување на особините на личноста и поттикнување или менување на вербалната комуникација. Оваа комуникација се одвива со знакови и тоа: изрази на лицето, тон на гласот, гестови, положба на телото и движење, допири и погледи.
Чарлс Дарвин верувал дека сите луѓе на ист начин ги изразуваат и ги толкуваат емоциите, односно со помош на изразите на лицето. Истражувањата покажале дека Дарвин бил во право за шесте главни експресии: среќа, изненадување, страв, гадење, тага и срам.
Тонот на гласот, спуштање или подигање на гласот, забрзан или успорен говор нагласување на одредени зборови, паузи и сл., ни служат за остварување на сите наведени функции на кои им служи невербалното понашање.
Контактот со очите и погледите се исто така многу моќни невербални знакови: широко отворени очи и проширени зеници се показател за допаѓање, насмевка и длабок поглед покажуваат на интерес и емоции и ни помагаат во вклопување во комуникација со друга личност, сокривањето на погледот често е знак на неискреност, но може да биде и знак на неугодност.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET