Globalizacija i google (Makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Globalizacija i google (Makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања
Група- Комуникации 2009/10
Семинарска работа
Глобализација и google
предмет : Глобализација и комуникации
Ментор : Изработил :
Проф. д-р Петар Атанасов Елена Инадеска
Декември 2009
Содржина :
Вовед :
1.Историјат на Google
2. Пет работи што треба да се знаете за Gооgle
2.1. Koj e ?
2.2. Што е ?
2.3. Каде цели ?
2.4. Како влијае врз глобализацијата?
Google Earth
Google Map
Google Book
Google Translate
Google Search
Google e-mail
Google Picasa
2.5. Дали Google се обидува да го превземе светот ?
3. Заклучок
1.Историјат на Google
Идејата за Google произлегува од еден истражувачки проект на двајца студенти на Универзитетот Стенфорд кои работат на проектот “Дигитална библиотека на Стенфорд”, кој што ги доведува до самата идеја.
Тоа се студентите Лери Пејџ и Сергеј Брин кои почнуваат да ги истражуваат математичките својства на светската мрежа(World Wide Web).
Како резултат на напредокот во оваа своја идеја, на 15 септември 1997 година го регистрираат доменот Google.com, а на 4 септември 1998 и формално се обединуваат и ја регистрираат својата компанија Google Inc.
Кон крајот на 1998 година Google има индекс од 60 милиони страници и се уште се води како “бета верзија”, меѓутоа во електронските медиуми почнуваат да се појавуваат статии кои тврдат дека резултатите од пребарувањата кои што ги дава Google се подобри од резултатите на конкурентските страни како што се Hotbot и Excite.com.
Исто така и го претставуваат Google како пребарувач со понапредна технологија отколку пренатрупаните портали како што се Yahoo.com, AOL.com, MSN.com и други, кои што во времето на екпанзијата на интернетот беа сметани како иднина на глобалната мрежа.
Брзиот развој на Google.com повлекува и развој на самата команија во поглед на бројот на вработени, како и канцеларискиот простор во кој што тие работат.
Така, во 1999 година компанијата изнајмува комплекс на згради во Mountain View од Silicon Graphics кои што подоцна во 2006 година ги купува од истата компанија за 319 милиони долари. Од тогаш навака канцелариите на Google Inc. се наоѓаат на истата адреса.
2.Пет работи што треба да се знаете за Gооgle
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET