Kosta Solev Racin (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Kosta Solev Racin (makedonski)". Rad ima 23 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Коста Солев Рацин (1908-1943)
К
оста Солев Рацин, основоположник на современата македонска литература, поет и револуционер, изникнат од пазувите на својот народ, сроден со страдањата и трепетите на народот и класата на која ѝ припаѓаше и со длабочината на своите марксистички погледи, беше во огнот на секојдневните судири и борби, во што ја наоѓаше смислата на животот и постоењето.
Биографија
Меѓу куќите збиени една до друга, поврзани со ѕидови од плитари, со покриви заштитнички надвиснати над луѓето што минуваат, се наоѓа куќата на Апостол Солев. Десетина метри од неа се наоѓа лебарница, а пред неа поширок простор кој ги спојува четирите мали тесни улички. Најстрмната е онаа што е пред портата на Солев и што води кон центарот на градот. Во оваа улица живеат скромни луѓе со широко срце. Меѓусебно се поврзани и заеднички ги споделуваат страдањата и стремежите. Ги врзува заедничката борба за подобар и праведен живот.
Во студената ноќ, на 22 декември 1908 година, мајката Марија и таткото Апостол Солев се радуваа на својата прва рожба. Ниту сонуваа дека толку оваа рожба ќе придонесе да се отвори патот кон слободата, дека тој ќе ја воспева неизмерната тага од тутунот, афионот и народните бигори, напластени во народната душа низ вековите; дека ќе го учи и охрабрува робот како се кршат ропските пранги; дека ќе им ги отвори вратите на револуцијата и напредокот. Тогаш се роди човекот што се слеа со потребте на времето и иднината.
Го доби името на дедо му Коце, селски грнчарски сиромав, кој од околните села се доселил во Велес. Коце е познат народен пејач и свирач, чија дарба ја пренесува и врз синовите Пано и Диме. Оттаму и малиот Кочо Солев ќе се задојува на изворите на богатите фолклорни преданија. Малиот Кочо, седнат крај топлото огниште, со детска чистота и ретко љубопитство ќе слуша песни и приказни од мајката и чичковците. Неговата детска фантазија си ги доближува на свој начин.
Колку силно влијание имале овие раскажувања може да се согледа од една анегдота што се ширела низ градот, во време кога учел основно училиште во „Кирил и Методиј“. За неа е присутна и фотографија. Се случило на крајот од школската година, кога по обичај учениците се фотографираат со своите учители. Малиот Кочо обземен од револуционерните подвизи на Гарибалди, што ги слушал од својот чичко Пано, сега јавно ќе ги искаже. За тоа неговиот школски другар се сеќава: „Кога се наредивме да се фотографираме мене фотографот ме стави да стојам последен во првиот ред. До мене беше Кочо. Седеше бос на клупата.Почувствував како полека ме удира. Се свртев, а тој ми рече: Владо, фати го крајот на листот од хартијата. Погледнав, а на листот беше испишано „Да живее Ѓузепе Гарибалди“.Учителот седеше во средината и не го виде. Така се сликавме. Подоцна кога биле изработени фотографиите, продолжува Владо, се дозна и за напишаниот текст на хартијата. Учителот Ристо Јовановиќ го повика Коча и го прашувал дали чул и што знае за Гарибалди. Да, сум чул, знам за него, одговорил. Тој е Италијанец и голем борец за слобода.“
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET