Frojd i Edipoviot kompleks (Makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Frojd i Edipoviot kompleks (Makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет ,, Св. Кирил и Методиј ’’
ФИлолошки ФАКУЛТЕТ ,, Блаже конески ’’
Скопје
Катедра за општа и компаративна книжевност
Фројд и Едиповиот комплекс
-семинарска работа-
Фројд и Едиповиот комплекс
Зигмунд Фројд бил австриски невролог и основач на психоаналитичката школа во психологијата. Теориите карактеристични за оваа школа генерално ги вклучуваат хипотезите дека;
развитокот на луѓето генерално се објаснува преку менување на сексуалните објекти,
психичкиот апарат генерално ги репресира желбите, кои се обично од сексуална или од агресивна природа и кои се зачувуваат во еден или повеќе несвесни системи на идеи,
несвесните конфликти предизвикани од репресираните желби имаат тенденција да се манифестираат себеси во соновите, парапракси (“Freudian Slips”) и сиптоми,
несвесните конфликти се изворот за неврозите и
неврозите може да се лечат со донесување во свеста на несвесните желби и репресираните мемории во психаналитички третман.
Фројд е роден во ашкенашка еврејска фамилија во Фрајберг (Прибор), Моравија во тогашното Австриско царство (сега во Чешка). Во 1877 г, на возраст од 21 г. тој си го сменил даденото име во Сигмунд. Тој отишол да студира на Универзитетот во Виена, и покрај силното антисемитско расположение во Австрија. Експериментира со хипноза со неговите најхистерични и невротични пациенти, но на крајот се откажува од овој третман. Наоѓа дека може да ги натера своите пациенти да проговорат на кауч и да ги охрабри да кажат се што им доаѓа при ум (третман наречен слободна асоцијација).
Во неговите четириесетти, Фројд „има бројни психосоматски заболувања како и преголем страв од смртта и други фобии“ . За ова време Фројд е вклучен во задачата на истражување на сопствените сонови, мемории и динамиката на развитокот на неговата личност. Низ само-анализата, тој го осознал непријателството кој тој го имал кон својот татко (Јакоб Фројд), и „тој исто така се сетил на своите детски сексуални тенденции кон својата мајка (Амалија Фројд), која била топла, привлечна и заштитнички настроена“. Кури смета дека овој период е најпродуктивниот период од Фројдовата кариера.
Фројд имал малку толеранција за колегите кои бегале од неговата теорија. Тој се обидувал да ги избрка тие кои не се согласувале со неговото движење или дури и воопшто не пристанувал да прифати конкретни централни аспекти од неговата теорија (Кури, 2001). Највоочливите примери се Карл Јунг и Вилхелм Рајх. Фројд напишал акутен напад кон Јунг и Алфред Адлер во неговиот текст наречен „За историјата на Психоаналитичкото движење“.
Зигмунд Фројд често се смета за таткото на психоанализата и може да се смета за зачетник на модерната психологија. Психоанализата е метод на психичко истражување кое има за цел да го долови значењето на подсвеста како влијателна компонента на човековото однесување. Според Фројд свеста претставува само дел од психичкиот живот на човекот, додека другиот дел т.е. одлучувачкиот се состои во самата потсвест (место на сите чувства но и на творечкиот дел од личноста) на човекот, која е компомента од човековиот ум секако заедно со свеста како ниво. Зигмунд Фројд заснова нова дисциплина психоанализа и развива нова концепција за човекот. (место на сите чувства но и на творечкиот дел од личноста).Првиот конгрес на Психоанализата по нејзиното основање,е одржан во 1908 год. во Салцбург. Психоанализата поаѓа од постулатот по кој сето она што се случува во соништата во себе носи димензија која не излегува на површина.Тоа всушност е подсвеста,резултатот од низа на случки и настани кои се случиле во раното детство на самата индивидуа, во непосредна врска со сексуалноста во поширока смисла, прво преку орална и анална фаза на развој. Некаде во третата година, детето ги открива разликите помеѓу половите. Во тие години детето поминува низ битни случки и настани кои можеби и никогаш реално не се случиле и немале никакви допирни точки со реалноста, но кои настани допреле до неговата свест: претстава за коитусот (спојување на маж и жена, кај животинските врсти и кај човекот) и кастрација ( отстранување или уништување на репродуктивниот орган и кај двата пола). Сето она што човекот го потиснува во себе секогаш се бори да се врати на површината во форма на симптомот (субјективен феномен кој го открива функционалното пореметување и повреда), лапсус (грешки при говорот и пишувањето, кои подразбираат брза исправка, Фројд смета дека лапсусите настануваат по јавувањето на несвесн
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET