Ilindensko vostanie (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Ilindensko vostanie (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

СУГС ПАНЧЕ АРСОВСКИ
СКОПЈЕ
Проектна задача по предметот
Историја
Тема
ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ
Ментор ученик
Проф. Драгољуб Поповиќ Рената Ангеловска
Скопје, 2012 година
Содржина
Вовед ............................................................................................................................ 2
Почетокот и текот на востанието ........................................................................... 3
Задушување на востанието ...................................................................................... 7
Одгласот на востанието ............................................................................................ 9
Причини за неуспехот на востанието ..................................................................... 11
Заклучок ....................................................................................................................... 12
Користена литература
Вовед
Во почетокот на 80-тите години на 14 век се засилиле нападите на Османлиите на Балканскиот Полуостров. Први на удар на османлиската војска се нашле македонските територии. Османлиите започнале да ги освојуваат источните, а потоа централните и северните делови на Македонија. Најпрвин навлегле во Источна Македонија, која се наоѓала под византиска власт. Откако ги зазеле Кавала и Драма Османлиите го опседнале градот Сер. По неколку месечна опсада во 1383 г. Сер бил освоен, а заедно со него и целата Источна Македонија паднала под турска власт.Откако добро се подготвиле, со голема војска се упатиле кон териториите што ги владеел кралот Марко. Пролетта 1385 г. османлиската војска преку Плетвар навлегла во Пелагонија, централната област на Прилепското кралство. Османлиите најпрвин го нападнале Прилеп и по кратка опсада го освоиле, а потоа ја освоиле и Битола.Турците Османлии продолжиле со освојувањата во Македонија. Во 1390 г. османлиската војска го освоила градот Кратово. Така, Османлиите завладеале со Кратовската област која имала многу големо економско значење, бидејќи располагала со големи рудни богатства. Набрзо потоа, во 1392 г. Османлиите го освоиле и Скопје, многу важен центар во Северна Македонија.Од Македонските територии единствено само уште Солун со поблиската околина не влегувал во составот на Османската држава. Тој бил освоен подоцна во 1430 г. и со тоа цела Македонија паднала под власта на Османлиите.Илинденското востание е востание против Отоманската империја организирано од страна на TМOРО и претставува еден од најголемите и најзначајните настани од македонската историја.По подготовките за востание против Отоманската империја, на 2 август 1903 год. на православниот верски празник Св. Илија - Илинден започна Востанието. Ова востание е познато како Илинденско, според денот на започнување.
Почетокот и текот на востанието
Денот на востанието бил апсолутна тајна за турската власт. Ниеден од прогласите што биле растурени од страна на многубројните курири по селата не паднал во рацете на власта. Тоа било од големо значење за почетните успеси на востанието, бидејќи на денот на востанието во сите востанички области се наоѓале само 15.000 турски војници, расфрлени по малите гарнизони на простор од десетина илјади квадратни километри. Согласно со планот, во текот на приквечерината на Илинден биле урнати телеграфските столбови и мостовите на важните патишта, биле запалени беговскиоте кули, бил извршен напад на касарните во некои села и градови, а селата очистени од разбојници.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET