Razlovacko vostanie (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Razlovacko vostanie (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


СОУ „Цар Самоил“ – Ресен
Проектна задача од предметот Историја
на тема:
РАЗЛОВЕЧКО ВОСТАНИЕ
Изработил: Ментор:
Димитар Тасевски IVВ
Ресен,2010
ВОВЕД
Разловечкото востание е востание на македонскиот народ против Османлиската Империја, од 1876 година во Источна Македонија, со центар во селото Разловци. Ова востание е многу значајно за македонскиот народ и неговата историја бидејќи е кренато од поробените македонци, во моментот на нивното освестување од вековното ропство и тортури. Во 1876 година македонската интелигенција конечно собира сила да се спротивстави на турското измачување. Слободољубивиот и непокорлив народ од овој крај својот револт против турските злодела-потурчувањето, даночните злоупотреби и друго го изразил во првото организирано востание на македонскиот народ против турското ропство од 8 мај 1876 година познато под името Разловечко востание.
Иако востанието беше неуспешно, сепак е вредно за паметење, бидејќи претставува искра која ќе го разгори понатамошниот ослободителен оган, ќе ги охрабри македонците и ќе им биде поттик на патот кон толку посакуваната слобода.
Во текстот што се следи ќе следи, накратко ќе се обидам да ги објаснам причините за Разловечкото востание, неговиот тек, ппичините за неуспех, како и последиците кои истото ги донесе за македонскиот народ.
ПРИЧИНИ ЗА ВОСТАНИЕТО
Во третата четвртина на 19. век Турција, иако еден од формалните победници во Кримската војна, потпаднала под силно економско влијание (и контрола) на западноевропските држави, што придонело да биде принудена на одредени стопански промени, пред се во насока на капитализирање на својот, сеуште феудален економски систем. Тоа, меѓу другото, имплицира на Балканскиот Полуостров да се засили економскиот притисок. На пример, во 1870 година се зголемиле таксите за сите документи, во 1872 се удвоил данокот на виното, во 1873 се вовел новиот данок, теметју, што го плаќале трговците, занаетчиите и надничарите. Во 1873 се вовел монопол на тутунот и солта, а истовремено се покачила и нивната цена.
Економскиот притисок најмногу се одразил врз животот на поробеното христијанско население, до тој степен што оваа, економска, пресија не била единствениот вид тортура. Паралелно со зголемувањето на давачките, се зголемувал и зулумот што врз рајата го вршеле и турските власти, но и групации што биле под директна или индиректна заштита на Портата. Во западна Македонија, на пример, албанските банди се почесто напаѓале не само села, туку и цели градови. Сето тоа предизвикало поголемо кумулирање на незадоволството меѓу народите кои ја сочинувале балканска Турција, незадоволство кое напати се манифестирало со вооружени акции.
Кога веќе ги објаснуваме причините кои довеле до освестување на народот и кревање глас против вековните маки, важно е да кажеме дека причините најлесно се објаснуваат доколку се поделат во две групи, односно внатрешни и надворешни фактори кои допринеле за кревање на востанието.
Вo втората половина на XIX век Османлиската империја западнала во тешка општествено-економска криза. Таквата состојба непосредно влијаела за влошување на положбата на сите народи на Балканот што останале во нејзин состав. Даноците биле зголемени и биле воведени нови, се засилиле злоупотребите на државните органи, се појавиле разбојнички банди кои вршеле грабежи и убиства.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET