UML (Unified Modeling Language) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "UML (Unified Modeling Language)". Rad ima 18 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет Гоце Делчев Факултет за информатика
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПО ПРЕДМЕТОТ СОФТВЕРСКИ ПРОЦЕСИ
UML
(Unified Modeling Language)
Предметен наставник:
Влатко Јовановски Изработил:
Никола Костов 10900 Панче Стојков 10904
Штип
Декември, 2010
Содржина
Унифициран јазик за моделирање....................................................................1
Abstract Unified modeling language.....................................................................2
UNIFIED MODELING LANGUAGE......................................................................3
Use Case Diagram...............................................................................................5
Activity Diagram...................................................................................................6
Communication Diagram.......................................................................................8
State Diagram.....................................................................................................15
1.Унифициран јазик за моделирање
UML e кратенка од Unified Modeling Language, што во превод значи унифициран јазик за моделирање. UML е за првпат објавен во 1997 година како метод за моделирање на софтверскот дизајн. Создаден е од конзорциум од најдобрите умови на објектно ориентираната анализа и дизајн. Во времето кога се појавува претставува вистинско освежување во компјутерската индустрија. Како што секоја друга индустрија си има свој стандарден метод за документирање така софтверската индустрија го има UML.
Во самиот стандард постојат девет типови на дијаграми:
Класен
Објектен
Дијаграм на кориснички сценарија
Состојбен дијаграм
Дијаграм на активности
Секвенцен, Колаборациски
Компонентен
Развоен дијаграм
2.Abstract
Unified modeling language
programming language statements
reusable software components.
3. UML (UNIFIED MODELING LANGUAGE)
Денес креирањето на софтвер и софтверски системи е многу значаен процес кој што силно влијае на сите сфери од животот на човекот. За да се изгради, дури и наједноставниот софтвер подложи на одреден процес кој што идентификува различни фази од неговиот животен тек, каква е нивната имплементација и како тие се адресираат од страна на тимовите кои што работат на развојот на софтверот. Годините на искуство покажале дека неминовно и од суштинско значење за успешното креирање на некој софтверски систем е неговото навремено планирање и изработка на модели врз основа на кои се пишува самиот код и се врши програмирањето. Во контекст на тоа, адекватно на програмските јазици кои се користат за да се испрограмира системот, се развиле и моделирачки јазици кои служат за креирање на моделите врз основа на кои се базира програмирањето. УМЛ-от, или UML (Unified modeling language) е стандардизиран јазик за моделирање кој се користи во полето на софтверското инженерство. Тој се состои од низа на графички нотации кои се користат за да се креираат апстрактни модели на реални системи. Да го разгледаме овој концепт преку пример од секојдневниот живот – изградба на некоја зграда. Архитектите дизајнираат згради, а градителите ги користат тие дизајни за да ги изградат зградите. Колку покомлексен е нацртот на зградата, толку поважна е комуникацијата измеѓу архитектите и градежниците. Во случајов, фактички, нацрт-плановите се графичкиот јазик кој и архитектите и градежните инженери мораат да го научат како дел од нивната меѓусебна комуникација. Пишувањето софтвер не се многу разликува од овој процес. Колку покомплициран е системот, толку покритична е комуникацијата меѓу сите вклучени актери во креирањето и дистрибуцијата на софтверот. Во последните десетина години, UML се развил како алатката, или нацрт-планот преку која што комуницираат аналистите, дизајнерите, програмерите и сите други вклучени создавањето на софтверот. Моделирачкиот јазик UML е дефиниран така, за да може да се примени при објектно-ориентираното решавање на проблемите. Моделот е всушност апстракција на проблемот кој што се разработува, додека пак доменот е областа од која што доаѓа проблемот. Моделите се состојат од објекти кои комуницираат со тоа што си испраќаат пораки едни на други. Објектите имаат нешта кои ги знаат (атрибути) и нешта кои можат да ги направат (методи, однесувања). Вредностите на атрибутите на некој објект ја дефинираат неговата состојба. Класите се нацрт-плановите за објектите при што секоја класа содржи атрибути (податоци) и однесу
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET