Monitori i vidovi monitori (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Monitori i vidovi monitori (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А
П О П Р Е Д М Е Т О Т
И Н Ф О Р М А Т И К А
ТЕМА : МОНИТОР И ВИДОВИ МОНИТОРИ
ВОВЕД
Тема на оваа семинарска работа е мониторот и видовите на монитори. Мониторот е еден од најважните излезни уреди кај компјутерот и работата на компјутерот без монитор е невозможна. Поради таа негова голема важност ние во воведниот дел ги наведовме општите карактеристики на мониторот,потоа ги разгледавме некои од врстите на монитори (ЦРТ-мониторите и ЛЦД мониторите ), а исто така и мониторите во иднината.
Мониторот е излезна единица која служи за прикажување на слики,текст или графика изработена на компјутерот. Мониторите се класифицираат според конструкцијата бројот на прикази и јасната слика. Квалитетот на мониторот се изразува преку големината на неговиот екран која се мери во инчи по дијагонала,како и преку резолуцијата која претставува број на точки (пиксели) кој мониторот е во состојба да ги прикаже на екранот. Резолуцијата на мониторот се изразува во вид на точки по ширина и висина. На мониторот се прикажуваат сите пораки на системот кои компјутерот му ги упатува на корисникот како и резултатите од работата на програмите. Со развојот на технологијата мониторите стануваат се помали и помали а се развиваат и се поголеми перформанси кои се однесуваат на поголема резолуција,брзо освежување на сликата и повеќе бои.
Денес постојат монитори со катодни цевки или ЦРТ-монитори (Chatode Ray Tube) како и плоснати монитори со течни кристали или ЛЦД-монитори (Liquid Crystal Display) кои најчесто можат да се сретнат кај преносните компјутери.
ШТО ПРЕТСТАВУВА МОНИТОРОТ?
Монитор или дисплеј е уред кој визуелно ги прикажува сликите кои ги генерира графичката картичка или друг уред со излезна видео порта. Ерата на мониторите покрај постојаните усовршувања воглавно ја означуваат две технологии и тоа првата и постара метода а тоа е со катодна цевка. Таа технологија се одликува со екрани кои зафаќаат поголема површина и имаат заоблен екран. Втората и најнова технологија е монитори кои се прилично слаби и со рамен екран и користат технологија на течен кристал.
ДИМЕНЗИИ И ОБЛИК НА МОНИТОРОТ
Големината на мониторот обично се изразува со должината на дијагоналата на неговиот екран. Меѓутоа проблемот на ова изразување е што не знаеме дали екранот е во квадратна форма или има некоја правоаголна форма односно има широк екран(widescreen). Во последно време покрај должината на дијаго налата е даден и односот на страните доколку тој е правоаголен( на пр. 4:3 или 16:9). Понова практика се мониторите со широк екран поради нивната погодност за гледање филмови и други видео содржини.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET