Metodologii za razvoj na informaciski sistemi (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Metodologii za razvoj na informaciski sistemi (makedonski)". Rad ima 34 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА
Проект по предметот Развој на информациони системи
Тема: Методологии за развој на информациски системи, потреби и преглед на методологиите
Подготвил:
Сашко Ѓеоргиев 10912
Соработници:
Методија Пасков 10892
Џоко Ѓеоргиев 10919
Прегледал: -------------
Одобрил: ---------------
1.Процесно ориентирани методологии
Структурирана анализа и дизајн на информациски системи (STRADIS)
Главниот исказ на методологијата на развој на системи на Гејн и Сарсон, наречена STRADIS, се среќава во нивната книга со наслов Structured System Analysis(Gane and Sarson, 1979). Развојот на овој пристап на структурирани системи кон анализирање се јави како резултат на постариот развој на структуриран пристап кон дизајнот. Концептите на структуриран дизајн прво беа предложени во 1974 година од страна на Стивенс и др. (1974), и овие идеи подоцна беа развиени и усовршени од страна на Јордон и Константин(1978) и Мајерс (1975 и 1978). И работата на Џексон (1975), исто така имаше големо влијание.
Структурираниот дизајн се грижи за изборот и за организираноста на програмските модули и интерфејси што би решиле претходно дефиниран проблем. Сепак, тој не дава свој придонес кон дефинирањето на тој проблем. Ова се покажува како практично ограничување затоа што за развојот на информациски систем потребно е и аналитичките и дизајнерските аспекти да бидат адресирани и додека за структурираниот дизајн се сметаше дека донесува значителни придобивки, овие придобивки би биле изгубени доколку дефиницијата на оригиналниот проблем не е добор формулирана или не е прецизна.
Одреден број на луѓе се обидоа концептот на структуриран дизајн да го применат во системската анализа, со цел да развијат метод за одредување на барањата и да обезбедат интерфејс за структуриран дизајн. На овој начин беа развиени техниките за структурирана анализа. Освен работата на Гејн и Сарсон, Де Марко, Вајнберг и Јордон пишуваат за структурираната анализа опфакајки ги дел од истите основни и користејќи многу слични техники во рамки на секој пристап.
Гејн и Сарсон, во својата книга, само во кратки црти ја опишуваат методологијата за развојот на системи. Поголемиот дел од книгата е посветен на описот на техниките што методологијата ги користи. Ова е в одиректна спротивност со некои од другите методологии. SSADM и ISAC на пример ги опишуваат чекорите на методологијата многу детално. Па затоа, најважниот аспект на STRADIS методологијата е сплотувањето на поголем дел од техниките што беа одделно опишани во Дел4 од оваа книга. И покрај тоа, ние ќе продолжиме да го користиме терминот “методологија” во контекст на STRADIS. Овие техники се користат, во една или друга форма, од страна на голем број методологии и оттука STRADIS не е единствениот, но заедно со Системскиот метод на Јордон, може да се смета дека е олицетворение на оние методологии базирани на функционално разградување и на користењето на дијаграми на тек на податоци,, опишани во Оддел 12.1.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET