Hakerski napadi (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Hakerski napadi (makedonski)". Rad ima 25 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ХАКЕРСКИ НАПАДИ
ПРЕДМЕТ
Е-Општество
Содржина
1.Историјат и развој на компјутерскиот криминал……………………………….3
2. DoS (Denial of Service) напади…………………………………………………....5
3.Вируси и Црви………………………………………………………………………..8
3.1.Worm (Црв)……………………………………………………………………….8
3.2.Trojan Horse (Тројанец)………………………………………………………...9
3.3.Spyware (Програми за шпионирање)………………………………………...9
3.4.Adaware (Рекламни вируси)…………………………………………………...9
4.Sniffer (прислушкувач)……………………………………………………………..12
5.Spoofing attack (Лажно претставување)………………………………………...16
5.1. MAC Spoofing……………………………………………………………………..17
6. Безбедност на мрежи……………………………………………………………..19
7.Firewall (Огнен ѕид)…………………………………………………………………22
8.Заклучок………………………………………………………………………………24
1.Историјат и развој на компјутерскиот криминал
За првпат зборот “hack” бил употребен во 1960 година во група за правење на модели на возови на МИТ, во врска со начинот на манипулирање со моделите на возови.
Во 1970 година почнало појавувањето на првите телефонски “криминалци” т.н. phreaks. Тие се занимвале со провала во телефонските централи од каде извршувале бесплатни повици. Најпознат од оваа категорија на криминалец (phreaker) е John Draper (Captain Crunch). Тој е креатор на “blue box” – електронска направа која произведува звуци со одредена бранова должина со кои може да се остваруваат бесплатени телефонски повици. Исто така во оваа категорија спаѓаат и Steven Wozniak и Steve Jobs (основачите на Apple), кои започнуваат сериско производство на вакви направи.
Во 1983 година е снимен филмот “War Games” кој претставува како инспирација за голем број луѓе низ целиот свет, да станат хакери. Истата година била фатена група со име “414” , која во рој од 9 дена, провалила над 60 компјутери меѓу кои спаѓале и компјутерите на “Los Alamos National Labaratory” – фирма која се занимавала со делови за нуклеарно вооружување.
1984 год. се појавува првиот хакерски магазин “2600”
1986 год. бил донесен првиот закон за компјутерски криминал кој бил со многу недостатоци за лица кои се компјутерски криминалци.
Во 1988 год. бил создаден првиот црв(worm). Креатор на овој црв бил Robert T.Morris кој бил студент на Cornell University и син на главниот научник во NSA (National Security Agency). Тој го тестира својот “црв” на ARPAnet и тој се проширил на 6000 компјутери. Тој добива 3 години условна казна и 10.000’ парична казна.
Во 1990 год. операцијата “Sundevil” во 14 града низ САД, тајната служба врши апсење на членови од BBS (Bulletin Board Systems). Обвиненијата на членовите на BBS се: злоупотреба на телефони и телефонски системи, неовластено користење на кредитни картички и слично.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET