Disk system i hard disk (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Disk system i hard disk (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


1. Вовед
Потребата од зачувување на податоци, историски гледано, е појавена уште со настанувањето на човекот, но како се зголемувал бројот на тие податоци, се јавило потреба од голем простор за нивно чување, но и било потребно многу време додека да се најде односно пристапи до некој податок. Со развивањето на технологијата се создале услови за создавање системи односно уреди на кои може да се зачувуваат податоците. Идејата била да може една информација да биде запишана, а подоцна кога ни е потребна да биде прочитана. Овие системи кај кои податоците се запишуваат на диск се наречени Диск Системи и претставуваат библиотека со податоци на корисникот, но и податоци кои му помагаат за правилна работа на самиот систем, но освен тоа се јавува и потреба за заштитување на податоците како и организација на меморијата со цел да имаме побрз и посигурен пристап до податокот кој ни е потребен за исчитување. Основна идеја за зачувување на податоците е заснована на магнетната технологија, односно магнетните особини на материјалите, и оваа идеја е искористена за развој на диск системите. Принципот на запишување на податоците и нивно читање, се заснова на електромагнетиката поточно со промената на магнетниот флукс во дадени магнетизирани области на плочите на дискот кој што по пат на магнетна индукција се претвара во електрична струја со што се добива информација за соодветната магнетна област. Концептот на организацијата на составните компоненти на диск системите во однос на минатото и денес е драстично променет со што се подобрени нивните перформанси и се надминати некои од главните проблеми кои се однесуваат на просторот кој што тие го зафаќаат и бројот на податоци кои можат да се зачуваат. Денес голем акцент се става на смалувањето на димензиите на диск системите, а воедно и зголемување на капацитетот. Зголемувањето на капацитетот не е секогаш врзано со физичката големина на самиот диск драјв, туку се развиваат нови начини на организација на меморијата. Типичен пример за тоа се диск драјвовите за преносни компјутери кои физички се мали, а го достигнуваат капацитетот на стандардните диск драјвови кои ги користат персоналните десктоп компјутери. Важечки рекорд за запишување на број на битови на квадратен инч е 100 Gb, но да напоменеме дека оваа бројка расте. Главни производители на диск системи се Maxtor, Seagate и Toshiba. Со развивањето на диск системите почнале и да се развиваат софтвери за нивно одржување.
2. Историски развој
Развојот на технологијата и потребата од зачувување на податоци, ги насочило истражувачите да работат на тоа поле и да во 1955 година го промовираат првиот хард диск IBM 350 Disk File, пронајден од Reynold Johnson и претставен со компјутерот на IBM 305. Со ова започнува ерата на хард дисковите и развојот интензивно почнал да расте во нагорна линија. Веќе во 1956 се појавува првиот хард диск за комерцијална употреба. По релативно долг временски период во 1973 год. се појавува првиот запечатен хард диск заснован на „Winchester“ технологијата. За 7 години од појавувањето на првиот Winchester хард драјв се појавува првиот 5.25 инчен хард диск – Shugart ST-506, со капацитет од 5 MB. Во 1982 година Hitacht промовира хард диск со десет 14-инчни плочи и две глави за читање и запишување со капацитет од 1.2 GB. Подоцна во 1986 година е стандардизиран драјверот за комуникација на хард дискот со надворешната околина (интерфејс) SCSI.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET