SPIM: MIPS32 Procesor (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "SPIM: MIPS32 Procesor (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПО ПРЕДМЕТОТ АРХИТЕКТУРА НА КОМПЈУТЕРИ
SPIM: MIPS32 ПРОЦЕСОР
СОДРЖИНА
СОДРЖИНА 2
1. Вовед 3
2. Конфигурација на SPIM 3
3. Контрола на SPIM 5
4. Пример на извршување на програма 8
5. Користење на системски повици 12
ЛИТЕРАТУРА 15
Вовед
Честопати е потребн о да се пишуват програми за процесор до кој се нема физички присап. Во ваков тип на ситуации користењето на емулатор или симулатор може да го пополни резултантниот процеп. Едноставно кажано , емулаторот и симулаторот се софтверски програми кои се обидуваат да го реплицираат однесувањето на соодветниот процесор . Тие на некој начин овозможуват извршување на програми во виртуелен процесор. Емулаторот често е дефиниран како имитирачко однесување , во смисол програмите кои се извршуваат да помислат дека емулаторот е всушност вистинскиот процесор. Покрај ова , емулаторот може да примени поедноставувачки чекори за да ја овозможи илузијата на постоечките карактеристики. Во контраст , симулаторот се грижи за точно и детално репродуцирање на овие карактеристики. На пример , симулаторот би можел да направи сосема точна копија на ALU (Аритметичко-Логичка Единица ) од процесорот , додека емулаторот само треба да направи илузија дека е направена точна копија на ALU. Тргајќ и ги проблемите за точна дефиниција настрана , SPIM е одличен MIPS32 симулатор создаден од James Larus. Во минатото SPIM бил фокусиран на моделирање на процесорот MIPS R2000, но сега има импресивно целосна поддршка за целиот MIPS32 ISA. Ова , како и фактот дека овој софтвер е достапен по една доста дозволувачка лиценца , го прави идеален за учење на MIPS32 програмирање.
Конфигурација на SPIM
Пред да се започне користењето на SPIM за симулирање на MIPS32 програми , важно е да се разбере како SPIM ќе ја изврши задачата и како може да биде конфигуриран да промени различни карактеристики на однесување. Овие карактеристики се важни : неразбирањето што SPIM треба да направи кога се користи на одреден начин може да биде фрустрирачко ако добиениот резултат не е оној кој се очекувал . Првин , има некои важни факти за тоа што SPIM може или не може да направи:
SPIM не извршува програми од машински код. Наместо тоа front end-от (Front-end е генерализиран термин кој се однесува на почетните стази на некој процес. Front end-от е одговорен за собирање на влезни податоци во разни форми од корисникот, притоа процесирајќи ги да бидат во согласност со спецификациите кои back end -от може да ги искористи.) може да се замисли како асемблер. Во SPIM се внесуваат MIPS32 програми, напишани во асембли-јазик, (со предефинирано влезно место) и потоа се извршуват.
SPIM не го вчитува внесениот програм на адреса нула, туку го вчитува на начин кој е многу сличен на оној што оперативниот систем би го искористил за да се справи со програмот, односно со поставување на некоја адреса во меморијата и релоцирање на глобални симболи кои се сродни на него.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET