Brojni sistemi i kodovi (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Brojni sistemi i kodovi (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Универзитет Гоце Делчев
Факултет за информатика
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПО ПРЕДМЕТОТ ДИГИТАЛНА ЛОГИКА
Бројни системи и кодови
Штип
Декември, 2009
СОДРЖИНА
АПСТРАКТ _____________________________________________ 2
1. ВОВЕД _______________________________________________ 2
2. БРОЈНИ СИСТЕМИ ____________________________________ 3
позициона нотација _______________________________________ 3
бинарна аритметика _____________________________________ 5
3 . БИНАРНИ КОДОВИ _____________________________________ 9
бинарно кодирани децимални броеви _____________________ 9
кодови за корекција на грешки __________________________ 10
4. ЗАКЛУЧОК ____________________________ ______________ 12
5. ЛИТЕРАТУРА ________________________________________ 13
АПСТРАКТ:
За претставување на броевите во секојдневниот живот човекот користи бројни системи. Секој број може да се претстави во некој броен систем. Во секојдневната комуникација лугето го користат декадниот броен систем за искажување и претставување на броевите. За разлика од лугето, компјутерите го користат бинарниот броен систем за претставување на броевите и податоците. Причина за тоа е лесната имплементација на овој броен систем кај компјутерите. За да може да комуницираат меѓусебно, секој декаден број компјутерот го претставува како низа од бинарни цифри. Овој процес се нарекува кодирање. Корисно е да знаеме како се претвараат броевите од еден во друг броен систем и како е можно тоа компјутерот скоро никогаш да не прави грешки и дали има некој механизам за откривање на грешките кои ги прави. Мал осврт на овие прашања ќе дадеме во оваа семинарска работа.
1. ВОВЕД:
Предмет на истражување на оваа семинарска работа се бројните системи и бинарните кодови. Постојат повеќе бројни системи и секој број можеме да го претвориме од еден во друг броен систем. Како што човекот во својата комуникација го користи декадниот броен систем, така компјутерот го користи бинарниот броен систем за претставување на броевите и податоците поради едноставноста која ја нуди.
Бинарниот броен систем е составен од две цифри, односно од цифрите 1 и 0, додека декадниот ги содржи цифрите од 0 до 9. Затоа секој декаден број компјутерот го претставува како низа од нули и единици. Поради користењето на различни бројни системи, корисно е да знаеме на кој начин може еден број да се претвори од еден во друг броен систем. Тоа претворање од еден во друг броен систем е објаснето во првата глава “Бројни системи”.
Во втората глава “Бинарни кодови” е објаснет начинот на кој се кодира некоја информација. Код е правило за трансформација на пораки од еден симболички облик во друг. Овој процес се нарекува кодирање, а спротивниот декодирање. Бинарните кодови се кодови чија излезна азбука е множеството (0,1). При преносот на информации може да се јави грешка, одностно наместо да се пренесе 1 се пренесува 0 или обратно. За откривање и корегирање на овие грешки се користат посебни кодови за таа намена. Овде се објаснети Хеминговите кодови со минимално кодно растојание 3 кој открива 1 и корегира една грешка и со минимално кодно растојание 4 кој открива 2 а корегира една грешка.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET