PH na krv (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "PH na krv (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Универзитет " Св. Кирил и Методиј "-Скопје
Природно-математички факултет
Семинарска работа по Аналитичка хемија
Тема:pH на крв
Изработил: Професор: Ирена Јорданова Симка Петровска-Јовановиќ
Крв
Крвта (латински: Sanguis) е течно сврзно ткиво кое се среќава кај сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни. Таа циркулира низ крвните садови и нејзина најзначајна улога е транспортната - хранливи материи, екскрети, кислород и јаглерод диоксид од и до клетките.
Крвта се состои од формативни елементи (крвни клетки) и крвна плазма. Од целокупниот волумен на крвта, 45% отпаѓа на крвните клетки, додека 55% на крвната плазма. Волуменскиот однос на крвните клетки со крвната плазма е наречен хематокрит. По прекумерно потење, количеството на плазма може да се намали до 50%, додека со консумирањето на течности да се зголеми до 60%.
Многу биохемиски процеси во организмите на растенијата,животните и човекот можат да се одвиваат во оделни средини,бидејќи ферментите дејствуваат при оптимални вредности за pH.Поради тоа и некои биолошки раствори имаат определен pH. pH на крвта изнесува 7,36 а pH на менструалната крв е 7,4.
Апарат со кој се определува pH на крвта
Eлементи на крвта
Eлементи на крвта се клетките кои ја даваат структурата на крвта: еритроцити, леукоцити и тромбоцити.
Еритроцитите се црвените крвни клетки.Тие се долги околу 7 - 8µ и широки 2µ. Имаат дисковидна форма. Кај повеќето животни еритроцитите содржат јадро, додека кај цицачите, вклучувајќи го и човекот, тие се безјадрени клетки. Нормалната концентрација на еритроцитите во крвта е отприлика 3,9-5,5 милиони на микролитар кај жена и 4,6-6 милиони на микролитар кај маж
Основната улога на еритроцитите е транспорт на кислородот до клетките и јаглеродниот диоксид од нив преку респираторниот пигмент што го содржат хемоглобин
Хемоглобинот е респираторниот пигмент на ‘рбетниците. Од него потекнува црвената боја на еритроцитите, а со тоа и на крвта. Тој претставува сложен протеин (протеид) кој се состои од протеинска компонента глобин и простетична група хем. Скратено се обележува со Hb.
Протеинската компонента е составена од четири полипептидни ланци, и тоа два α и два β. Секој од нив содржи по една простетична група (хем), така што во молекулата на хемоглобинот има исто така и четири хема.Железото во хемоглобинот се наоѓа во облик на двовалентен јон Fe2
Хемоглобините на различните животни имаат иста простетична група (хем), но протеинската компонента (глобин) е со различен состав, специфичен за поодделните видови. Во крвта на возрасен човек се наоѓаат два вида на хемоглобин: адултен хемоглобин (HbA) и хемоглобин A2 (HbA2). И двата се состојат од четири полипептидни ланци, и тоа хемоглобинот А од два α и два β, а хемоглобинот А2 од два α и два δ.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET