Kiselini - poim i klasifikacija na slabi i jaki (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Kiselini - poim i klasifikacija na slabi i jaki (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ „ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ” – ШТИП
ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ
ВИСОКА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПО ПРЕДМЕТ ХЕМИЈА
НА ТЕМА
„ КИСЕЛИНИ И НИВНА ПОДЕЛБА НА СЛАБИ И ЈАКИ
СО НЕКОИ ПРЕТСТАВНИЦИ “
Ментор : Студент:
Професор Валентин Мирчевски Николовска Биљана
Број на индекс: 111119
СОДРЖИНА :
Вовед
Поим за киселини и теории за нив
Својства на киселини
Добивање на киселини
Поделба на киселини
Слаби и јаки киселини
Претставници од јаки киселини
Претставници од слаби киселини
Заклучок
Користена литература
Вовед :
Со помош на нашите сетила : вид , слух , мирис или допир , секојдневно се среќаваме и го запознаваме светот околу нас.Различни супстанции често пати изгледаат слично, но сите тие имаат специфични својства што ги прават различни едни од други. Определена супстанца може да се каже дека е хемиско соединение доколку може со помош со помош на хемиска реакција да се разложи на две или повеќе супстанции или пак во обратен случај ако две или повеќе супстанции реагираат со цел да се создаде ново соединение.Во природата се среќаваат многу различни соединенија, кои што се класифицираат во различни групи, соодветно на нивниот состав и својствата што ги манифестираат, самостојно или во реакција со други супстанци.Киселините се голема група на соединенија, широко распространети и од големо значење.Поделени се во повеќе групи, па соодветно на тоа се опишани нивните физички и хемиски карактеристики.Ние ќе се задржиме на нивната поделба во однос на јачината, односно поделбата на слаби и јаки и некои претставници од двете групи.
2.Поим за киселини и теории за нив:
Постојат повеке различни дефиниции за тоа што претставуваат киселините и сите тие се базираат на различни теории.
Теорија на Арениус:
Кон крајот на 19ти век и почеток на 20ти век Арениус киселините ги дефинира како секоја супстанца која во вода се разградува или дисоцира и ослободува водородни јони, односно супстанца која во воден раствор ја зголемува концентрацијата на водородни јони.Како пример може да ја видиме следната реакција:
HCl → H+ + Cl‾
Теорија на Бренштед и Лори:
Во 1923 год. Бренштед и Лори дале алтернативна дефиниција позната како донор- акцептор модел.Според оваа нивна теорија киселина е супстанца која во една протолитичка реакција е протон донор ( односно испушта водородни јони)
HA + H2O → H3O+ + A‾
Теорија на Луис:
Според теоријата на Луис киселина е супстанца која може да прими електронски пар.Оваа теорија е посеопфатна, бидејки во групата на киселини спаѓаат и супстанци кои немаат можност да даваат протони, односно немаат водород во својот состав.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET