Interpretacija na UV spektarot (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Interpretacija na UV spektarot (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
“ УНИВИРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ” – ШТИП
ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА UV – СПЕКТАР
семинарска работа
ПРЕДМЕТ: БИООРГАНСКА ХЕМИЈА
Ментор: изработил:
Проф. д-р. ЕмилијаЈаневиќ Ивановска Јосиф Мишевски
бр. на инд. 15455
Штип, февруари, 2012
СОДРЖИНА
Вовед: 2
1. ПРИМЕНА НА УЛТРАВИОЛЕТОВАТА И ВИДЛИВА СПЕКТРОСКОПИЈА 3
1.1АПСОРБИРАЧКИ ВИДОВИ 4
1.1.1 АПСОРПЦИЈА НА ЗРАЧЕЊЕ ОД ОРГАНСКИ СУПСТАНЦИИ 4
1.2 КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА 7
1.3 КВАНТИТАТИВНА АНАЛИЗА 7
1.4 ПОСТАПКИ ПРИ СПЕКТРОФОТОМЕТРИРАЊЕ 8
ЗАКЛУЧОК 10
Вовед:
Историски, поимот спектроскопија се однесува на дел од науката, во кој светлината се разложува на одделни бранови со определени бранови должини, давајќи спектри. Спектрите, пак, ја одиграле главната улога во развојот на современта атомска теорија. Спектроскопијата, исто така, постепено станала и моќна алатка за квалитативна и квантитативна анализа.
На почетокот, под светлина се подразбирало само видливото зрачење и се развиле техники ( колориметрија, фотометрија ) кај кои образецот се испутува со помош на таквото електромагнетно зрачење. Усовршувањето на методите придонесло, денес, под поимот спектроскопија да се подразбираат и техники за кои се користат и други видови на електромагнетни бранови како што се: ултравиолетови, инфрацрвени, рендгенски, микробранови и радиобранови.
Ние овде во оваа смеинарска работа ќе се задржиме на интерпретацијата на UV спектарот.
ПРИМЕНА НА УЛТРАВИОЛЕТОВАТА И ВИДЛИВА СПЕКТРОСКОПИЈА
Молекулската спектроскопија наоѓа широка примена во индификувањето на квантитативното определување на голем број на неоргански и органски супстанци. Ултравиолетовата и видлива спектроскопија, главно, се користи за квантитативна анализа, и во хемиските и клиничките лаборатории низ целиот свет е далеку најупотребувана метода.
1.1АПСОРБИРАЧКИ ВИДОВИ
Предходно беше кажано дека апсорпцијата на ултравиолетовото и видливо зрачење се должи на електронски премин, а за тоа кои видови на молекули и молекулски групации може да апсорбираат ќе стане збор во делот што следи.
1.1.1 АПСОРПЦИЈА НА ЗРАЧЕЊЕ ОД ОРГАНСКИ СУПСТАНЦИИ
Апсорпцијата на зрачење од органски молекули во регионот од 180nm до 780nm се должи на интеракции помеѓу фотоните и електроните кои учествуваат во градење на врски или, пак, со електроните ликализирани околу атоми од типот на кислород, сулфур, азот и др.
Брановата должина на која органската молекула апсорбира зависи од јачината на врските во неа. За ексцитација на електроните кои градат C – C врски или C – H врски е потребно е електромагнетно зрачење со бранова должина под 180 nm . Поради низа технички проблеми изучувањето на спектрите на единичните врски со UV/Vis спектроскопија не е широко распространето.
Електроните кои учествуваат во градењето на двојни и тројни врски, мможе да бидат екцитирани со електромагнетно зрачње од областа помеќу 780 nm и 180 nm, а како последица, во ултравиолетовата и видлива светлина се нарекуваат хромофори. Во табела 1 е дадена листа на некои позначајни хромофори, и брановата должина која тие ја апсорбираат.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET