Geomehanika (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Geomehanika (makedonski)". Rad ima 27 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
СВЛЕЧИШТЕТО ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА ПК “СУВОДОЛ”
1
СОДРЖИНА
1.Вовед....................................................................................................... 2. Карактеристки на свлечиштето во Микролокациите 3 и 4 и причини за неговото настанување.......................................................... 2.1 Хронологија на свлечиштето...................................................... 2.2 Карактеристики на свлечиштето и причини за неговата појава......................................................................................................... 3. Методологија на испитување на свлечиштето................................... 4. Геомеханичка градба на истражуваниот простор.................... 5. Геомеханички параметри усвоени при анализата на стабилноста..
5.1 Анализа на стабилноста..............................................................
1 2 2 5 7 14 18 21 25
Литература................................................................................................ Графички прилози
Прилог 1 – Приказ на свлечиштето во североистпчниот дел на П.К. Суводол ПрилогАПРИЛ2003_N – Карактеристичен геолошки профил N ПрилогАПРИЛ2003_N_1 – Карактеристичен геолошки профил N_1
2
1.ВОВЕД
Површинскиот коп “Суводол” е рудник за експолатација на јаглен чија намена служи исклучително како гориво за проиводство на термо-електрична енергија во ТЕ “Битола ” со инсталирана снага 3 x 225 MW. Експлоатацијата на површинскиот коп Суводол започна во средината на 1982 година. Динамиката на експлоатацијата изнесува околу 6 000 000 t јаглен, односно 20-25 000 000 m3 јаловина годишно. За заштита на површинскиот коп од сливното подрачје на р. Суводолка е изградена насипна брана Суводол со кој е формирана водена акумулација со вкупна зафатнина од 7 879 000 m3, наменета за задржување на поплавениот бран, како и за обезбедување на технолошка вода за ТЕЦ Битола. Во текот на редовната експлоатација на П.К. Суводол, а особено северниот и североисточниот дел на копот околу микролокациите 2, 3 и 4 се јавувале локални и поголеми свлекувања на почвените материјали. Најизразеното свеклување на поголеми количества на маси од приближно 20-25 x 106 m3 (од кои 10,5 x 106 m3 се маси на откривка, 3 x 106 m3 јагленова глина и 7,3 x 106 t јаглен) се случи на 27.10.1995 година со што дојде до затрупување на поголеми количини на јаглен, пореметување на тековниот технолошки процес, како и до згрозување на стабилноста на браната. Токму причините за појава, карактеристиките и метологијата на истражување на ова свлечиште се цели кои ќе бидат разработени во рамките на оваа семинарска работа и тоа од самите почетоци на појава на ова свлечиште па се до денес. Ова свлечиште го зафаќа теренот на т.н Микролокаци 3 и 4 кои се наоѓаат во североисточниот дел на наоѓалиштето Суводол. Ограничениот терен на свечиштето зафаќа површина од 1 045 000 m2. Зафатените маси од геолошки аспкет се состојат од главен просуктивен јагленов слој (јаглен и агленова глина), кровински седименти (сиви глинци-трепели) и квартерни насипи (чакали, песоци, делувијална црвеница). Рамнината на лизгањето на свлечиштето претставува контактот на јагленот и јагленовата глина со подинските песоци.
3
2. КАРАКТЕРИСТКИ НА СВЛЕЧИШТЕТО ВО МИКРОЛОКАЦИИТЕ 3 И 4 И ПРИЧИНИ ЗА НЕГОВОТО НАСТАНУВАЊЕ
2.1 Хронологија на свлечиштето
Први знаци за постоењето на нестабилните маси т.е издвојување на Микролокацијата 3 биле појавите на пукнатини, кои биле регистрирани во почетокот на 1992 година. Појавена била пукнатина во источниот ободен дел на Микро 3 кај постоечкиот гребенот над самата траса од тунелот во должина до приближно 300 m, со тенденција за продолжување спрема југозапад. Пукнатината била отворена од 0.5 до 5 cm во квартерните седименти. Таа била постојано пратена и во март 1992 година продолжила спрема запад и преминувала преку тунелот на самиот контакт со стената, достигнувајќи должина до приближно 600m. Пукнатината и понатаму продолжила да се развива така да во јуни 1992 година здобива форма на палеорелјефот на Микро 3, а е изразена и на влезот од тунелот (со пукање на бетонскиот дел). Со развојот на површинскиот коп и напредувањето на челата на БТО системите спрема север и североисток, настанало развивање на претходно појавените пукнатини како и појава на нови пукнатини во Микро 3. Во 1993 година се вршело интензивно откривање на Микро 3 и тоа со растеретување на масите од страна на градежната оператива и багерот Srs 2000/2 при што поради откопувањето на големи маси на откривка, дошло до запонување на појавените пукнатини и нивно замаскирање. Повторно реактивирање и регистрирање на пукнатини во Микро 3 настанало во средината на 1994 година. Во тој период биле регистрирани повеќе пукнатини кои се наѓаат помеѓу профилите 40-50 и 9-23. Bo текот на месец јануари 1995 година, се појавиле поголеми движења на маси
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET