Kenija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Kenija (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 Универзитет “Св. Кирил и Методиј ”- Скопје
Природно-Математички Факултет (ПМФ)
Институт за Географија
Семинарска работа
Тема:
Кенија
Предмет : Африка, Америка и Австралија
Ментор: Изработил:
Проф. Д-р M илена Талеска Тимчо Поп-Кочев
Скопје,2013
Содржина
Географска положба, граници и големина
Релјеф
Клима
Хидрографија
Почви и биогеографски карактеристики
Население и градови
Државно уредување
Краток осврт на историските случувања
Стопанство
Земјоделство
Рибарство
Рударство и енергетика
Индустрија
Туризам
Трговија
Сообраќај
Користена литература
Вовед
Зборот Кенија потекнува од имињата на народите Кикују, Ембу и Камба за планината Кенија „Kirinyaga“, „Kirinyaa“ и „Kiinyaa“.Праисториските вулкански ерупции ( кои сега се неактивни) веројатно биле причината за поврзувањето на планината со божественото и создавањето меѓу домородното племе Кикују кое било населено на земјоделските предели околу планината Кенија.
Населението од племето Вакамба му ја посочија на доктор Крапф втората планина која ја нарекуваа „Kĩ-Nyaa“ или „Kĩĩma- Kĩĩyaa“ кое е слично со името „Kĩrĩma Kĩrĩnyaga“ на племето Кикују веројатно поради шарата која се создава од црните карпи и белиот снег на врвовите која потсетува пердуви од ној.
Зборот „Nyaga“ потекнува од племето Кикују-Ембу што значи дамка. Тоа е деминутив на зборот „Manyaganyaga“ што значи дамки. Зборот „Kĩrĩ-nyaga“ веројатно потекнува од дамките од црните карпи и белиот снег што во овој случај значи „со дамки“. Па оттука, зборот Mwene- Nyaga значи Сопственикот/ чуварот на планината со дамки.
Во 19 век, германскиот истражувач Лудвиг Крапф освен името Кенија го забележал и името Кегниа за кое некои сметаат дека е верзија на племето Камба. Други пак, сметаат дека тоа е прецизно обележување на точниот африкански изговор на зборот. На мапата која ја нацрта шкотскиот геолог и природонаучник во 1882 година, Џозеф Томсонс, планината ја означил како Кениа, 18620.
Географска положба, граници и големина
Официјалното име на оваа земја е Република Кенија и таа се наоѓа во централниот источен дел на африканскиот континент. На југ се граничи со Танзанија (769 км), на запад со Уганда (933 км), на северозапад со Судан (232 км), на север со Етиопија (861 км), на исток со Сомалија (682 км), а на југоисток излегува на Индискиот Океан. Зафаќа површина од 582.650 км2.
Кенија има доста поволна географска положба, нејзината територија претставува природна врска помеѓу Етиопија и Езерската Висорамнина. Меѓутоа многу поголемо значење има патниот правец запад-исток, бидејќи преку Кенија преминува целиот транзит за Уганда.
Вкупната должина на бреговата линија изнесува 536 км. Брегот е доста низок, песочен и доста разгранет. На некои места се јавуваат лагуни и песочни спрудови. Во северните делови на брегот на Кенија се јавува заливот Унгама и островите Пате и Манда.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET