Spektroskopija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Spektroskopija (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Проектна задача по предметот Физика
Тема: СПЕКТРОСКОПИЈА
Декември, 2011
СОДРЖИНА:
Вовед ................................................................................................................................... 1
Видлива област на спектарот ........................................................................................... 2
Инфрацрвена област на спектарот .................................................................................. 3
Инфрацрвена област на спектарот .................................................................................. 4
Ултравиолетова област на спектарот .............................................................................. 5
Ултравиолетова област на спектарот ............................................................................ 6
Табела за употребата на различните радијации ........................................................... 7
Користена литература ....................................................................................................... 8
Вовед
Спектроскопијата е дел од физиката што се занимава со проучување на квалитативниот и квантитативниот состав на електромагнетното зрачење емитувано, апсорбирано, расејано или одбиено од супстанцијата. Сите тела во природата, помалку или повеќе, претставуваат извори на електромагнетни бранови. Електромагнетното зрачење од дадено тело разложено по бранови должини, односно по фреквенции се вика спектар.
Сите до денес познати познати електромагнетни зрачења подредени по бранови должини во интервал од 10-14 m до 102 m (или фреквенции од 1022 Hz до 106 Hz ), го сочинуваат целокупниот електромагнетен спектар. Електромагнетниот спектар го сочинуваат:
Гама зраци (најмала бранова должина, највисока фреквенција)
Рентгенски зраци
Ултравиолетови зраци
Видлива светлина
Инфрацрвени зраци
Микробранови зраци
Радиобранови (најголема бранова должина, најниска фреквенција)
Инфрацрвената, видливата и ултравиолетовата област ја сочинуваат таканаречената оптичка област од електромагнетниот спектар (105 до 10 nm ). Електромагнетните бранови од оптичката област настануваат при процесите кои се одвиваат во атомите, молекулите и јоните на супстанците, а се детектираат со фотофилмови, фотоелектрични ефекти и други методи.
1
Видлива област на спектарот
Видливата светлина зафаќа сосем мал дел од целокупниот спектар на електромагнетните бранови. Тоа се електромагнетни бранови со бранова должина од 400 до 760 nm на кои човечкото око е едниствено осетливо.
Начинот на кој зрачењето од овој дел од електромагнетниот спектар стапува во интеракцији со материјалите не се разликува по ништо во однос на ултравиолетовото здрачење.
Во поширока дефиниција, светлината е електромагнетна радијација на било која бранова должина. Постојат 3 големини кои ја детерминираат светлината:
Интензитет или амплитуда, која најчесто е поврзана со човечката перцепција за јачина на светлината
Фреквенција или бранова должина, која луѓето ја забележуваат како боја на светлината
Поларизација или агол на вибрација, која не е забележлива со човечките сетила при нормални околности.
Бидејќи светлината егзистира како двојност од бран и честичка, таа ги добива својствата и на бран и на честичка. Точната природа на светлината е едно од клучните прашања на кое се обидуваат да одговорат физичарите.
Различните бранови должини кои се детектирани од човековото око, мозокот ги интерпретира како бои. Овој спектар се движи од Црвена до Виолетова боја. Фрекфенциите кои егзистираат помеѓу овие два краја на видливиот спектар мозокот ги преведува како: Портокалова, Жолта, Зелена и Сина боја.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET