Princip i rabota na čekoren motor (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Princip i rabota na čekoren motor (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


УНИВЕРЗИТЕТ „Г О Ц Е Д Е Л Ч Е В” – Ш Т И П
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ РАДОВИШ
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПРЕДМЕТ : ЕЛЕКТРОТЕХНИКА 1
ТЕМА : ПРИНЦИП И РАБОТА НА ЧЕКОРЕН MOTOР
Ментор : Изготвиле :
Проф. Д-р Стојан Рендевски 1.Мијалов Влаткo
Инд. бр. 2035
редовен студент
2. Александар Димитриев
Инд.бр. 2097
редовен студент
Радовиш 02.2010
СОДРЖИНА:
Вовед ........................................................................................................................ 3
Основен принцип на дејствување на чекорните мотори .................... 4
Чекорни мотори со активен ротор .......................................................... 6
Реактивни (релуктантни) чекорни мотори ............................................ . 7
Индукторски (хибридни) чекорни митори .............................................. 8
Режим на работа на чекорните мотори ................................................ ... 9
Користена литература .............................................................................. 13
ВОВЕД
ЧЕКОРНИ ИЗВРШНИ МОТОРИ ( STEPPER MOTOR )
Во современите автоматизирани погони, покрај досега наведените извршни елементи со континуирано дејствување, односно асинхроните и еднонасочните мотори, специфична примена имаат добиено и извршните елементи со дискретно (импулсно) дејствување. Меѓу нив, како најкарактеристични се , т.н. чекорни ( Stepper) мотори. По својата природа, тие можат да се третираат како повеќе фазни синхрони мотори, без кусоврзна намотка за впуштање.
Основната карактеристика им е, што напојувањето на статорската намотка, како влезна управувачка големина, е со напон формиран од импулси, со што е условено и дискретно (скоковито) аголно или линеарно поместување на неговиот ротор, како излезна големина. Под дејство на секој импулс роторот изведува дискретно помес тување или т.н. чекор. Големината на чекорот е определена со конструктивната изведба на моторот, и што е најбитно, определена е и со шемата на комутирањето на неговите намотки. Брзината на вртење и вкупниот агол на завртување ќе бидат пропорционални со фреквенцијата и бројот на управувачките импулси. Веднаш се изведува заклучокот дека – битен елемент кај овие мотори е квалитетот и способноста на соодветниот извор за напонските управувачки импулси, односно напонскиот импулсен комутатор.
Постојат поголем број на разновидни конструктивни изведби на овие мотори, меѓутоа, нивната поделба може да се сведе на две основни групи и тоа:
активни чекорни мотори ( со ротор изведен со перманентен магнет или со еднонасочна возбудна намотка);
пасивни чекорни мотори, кои на роторот немаат извор на магнетски флукс, а можаат да се разликуваат како реактивни ( или реликтантни ) и индукторски (или хибридни ) мотори.
Еден од условните предуслови кои довеле до повторно реактивирање на чекорните мотори, кои биле едни од првите елементи во автоматизираните системи, меѓутоа подоцна запоставени, е развојот на полупроводничката техника. Оваа овозможила да се развијат современи импулсни шеми, по габарит многу мали, со голем број на комбинации преку кои може да се изведува комутирање на статорските намотки на моторот, со што се обезбедуваат различни брзини, фиксирање на положбата, кочење и реверзирање на роторот.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET