Ekonomska propaganda (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Ekonomska propaganda (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
ВОВЕД
Економската пропаганда како дел на промотивните активности на стопанското претпријатие спаѓа меѓу основните инструменти на маркетинг миксот. Па затоа планирањето и програмирањето на економската пропаганда мора да претставува интегрален дел на маркетингот и да промотивните акции мора да се подредат на вкупната маркетинг политика. Според тоа не може ефикасно да се планира било каква акција во областа на економската пропаганда ако таа не е тесно поврзана и координирана со политиката на производот, со политиката на дистрибуцијата и со политиката на цените за остварување на поставените цели. Економската пропаганда како составен дел на промоцијата е најзначаен, и најмногу користен облик на комуникација со пазарот. Насочувањето на текот на производите и услугите на релација произведувач- потрошувач, не може да се оствари ако не се заснова на истражување. Водењето економска пропаганда не може да се оствари ако не се темели на разултатите на истражувањето. Економската пропаганда е со огромно значење како за пооделниот производ што се рекламира така и за целото претпријатие. Сето тоа е како резултат на тоа што со помош на економската пропаганда можат да се здобијат или одбијат потенцијалните потрошувачи доколку ги најде или не ги најде пропагираните својства во производот.
Дејствување на економската пропаганда
Механизмот на дејствување на економската пропаганда се поврзува со процесот, односно актот на купување и донесување одлука за купување. При тоа се поаѓа од претпоставката дека купувачите мошне ретко реагираат автоматски и со воодушевување во определен временски период, туку донесувањето на одлука многу повеќе се остварува како процес кој може да има различно временско траење кое зависи од значењето на на одделната набавка за потрошувачот. При тоа се смета дека донесувањето на одлуките за купување преминува низ следниве фази : непознавање, запознавање, сфаќање ( разбирање ) и убедување ( односно одлука за купување ). Временскиот период на овој процес може да биде мошне различен. Така, кај некои производи одлуката се донесува без претходно анализирање на особините на производот бидејќи тие се познати. Тие производи купувачот ќе ги купува таму каде што ќе потроши најмалку време за купување ( цигари, весници, сапун итн. ).
Меѓутоа, кај производите кои се со посложен механизам, кој по правило се со повисока цена, потоа кај оние производи кај кои постојат различни варијанти или конкурентски однос, купувачот не може да донесе одлука без дополнителни информации. Тоа значи дека купувачот е заинтересиран да добие што повеќе информации, што покажува дека тој се уште нема донесено одлука за купување и врз таа одлука може да се влијае, покрај другите средства, и со економската пропаганда.
Процесот на дејствување на економската пропаганда може да се посматра од два аспекти : како процес на информирање на потрошувачите и како процес на убедување за купување за определени конкретни производи. Процесот на информирање во услови кога потрошувачот не е целосно информиран, дава низа можности за избот на такви информации со кои се настојува да се влијае на одлуката за купување. Се разбира дека и самиот производ дава сам по себе низа информации, кои често не се достапни за да се обави процесот на купување. Од таму, со оглед на тоа што потрошувачот е заинтересиран за информации, тие му се пружаат со економска пропаганда, додека потрошувачот ги плаќа со купување на производот, и тоа плаќа повеќе информации отколку што му се потребни. На таа основа развиена е теоријата на Kolder и Steiner со која информациите кои се даваат од стопанските субјекти се сметаат како понуда за која постои побарувачка од купувачите.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET