Determinanti na potrošuvačka i štedenje (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Determinanti na potrošuvačka i štedenje (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Вовед
Побарувачката на стоки и услуги се објаснува со дејството на факторите кои влијаат на трошењето на потрошувачите. Бидејќи потрошувачката на домаќинствата е најголема компонента на побарувачката на стоки и услуги – зафаќа повеќе од две третини од вкупната потрошувачка во САД – промените во готовноста на потрошувачите да трошат, имаат големи импликации врз однесувањето на економијата.
Покрај личната потрошувачка, друга причина поради која што е значајна потрошувачката е одлуката на поединецот, или домаќинствата за тоа колку да потрошат, која што е тесно поврзана со друга вазна економска одлука, одлуката колку да се заштеди. Впрочем, за определено ниво на расположлиб доход, одлуката колку да се потроши, а колку да се заштеди е иста одлука. На пример, студентката која работи скратено работно време и годишно заработува 4000$, можедаодлучидапотроши 3700$ годишно за облека, храна, забава и друго што значи дека автоматски ќе заштеди 300$ годишно, а нејзината порошувачка ќе изнесува 3700$.
Потрошувачката како економска категорија
Потрошувачката претставува употреба на материјални добра и услуги за задоволување на потребите на луѓето. Всушност, домаќинствата и националната економија како целина не се слободни да изберат да го потрошат целиот расположлив доход, туку објективно одложуваат дел од својот доход при што го наменуваат за натамошно зголемување на материјалните добра и услуги. Тоа е вградена потреба на животот на луѓето, од една страна поради природното очекување во иднина да се располага со повеќе материјални добра и услуги, со подобри елементи на своето живеење, а од друга страна поради растежот на населението.
Најзначаен фактор што ја детерминира потрошувачката, се разбира како дел од доходот претставува обемот и структурата на производството. Но, таа е детерминирана и од други фактори, како што се односите во распределбата на националниот доход. На пример, семејствата што остваруваат низок доход, поради потребата да се задоволат животните потреби-храна, станување, облека се јавува задолжување во тековниот доход, или се смалува фондот на заштеда што го формирале во изминатиот период. Семесјтвата со високи доходи во нивната структура на потрошувачка, покрај примарните животни потреби, можат да вклучат и повисоки елементи на потрошувачка- за одмор и рекреација, туристички патувања, луксузни автомобили и друго. Всушност, структурата на потрошувачката со текот на порастот на доходот се менува во учеството на повисоките облици на потрошувачката на добрата и услугите.
Штедењето како економска категорија
Домаќинставата и поединците остваруваат доход. Дел од доходот, го трошат во тековната година за задоволување во прв поглед на егзистенцијалните потреби. Но, по правило, домаќинствата не го трошат целиот расположлив доход, туку заштедуваат еден дел од доходот. Всушност, расположливиот доход е еднаков на збирот од потрошувачката и заштедата. А од тука произлегува дека:
Штедењето= Расположливиот доход – Потрошувачката
Штедењето претставува чување на материјални добра или пари како одреден облик на богатставо преку одложување на потрошувачката на новоформираниот приход. Примарен мотив за одложување на потрошувачката е нејзиното адекватно трошење во даден иден период. Штедењето е основен извор на создавање капитал, кој без практична апликација се сведува на тоа дека штедењето произведува само економски немотивиран капитал, односно на парите кои останале непотрошени им се ускратува инвестиционата моќ.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET