Danočni zatajuvanja (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Danočni zatajuvanja (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
ДАНОЧНИ ЗАТАЈУВАЊА
СОДРЖИНА
ВОВЕД..........................................................................................................................1
1. ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДАНОЦИТЕ.......................................2
2. ВЛАДАТА КАКО СОБИРАЧ НА ДАНОЦИ................................................3
3. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ ДАВАЧКИ..........................................4 3.1 Државата, корупцијата и сивата економија...................................4
3. 2 Даночна евазија......................................................................................8
4. ПРИНЦИПИ НА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕ ДАНОЦИ.............10
ЗАКЛУЧОК
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
ВОВЕД
Постои широко распространето мислење дека благодарение на дупките во даночното законодавство постои можност за избегнување на плаќањата на даноци што би требало да се платат. Вечна е битката меѓу државата и даночните ,,експерти``, кои секогаш пронаоѓаат нови законски дупки – речиси со иста брзина со која старите се затвараат.
Од гледиште на државната политика, разбирањето на карактерот на тие дупки во даночниот закон претставува императив и тоа од две причини:
Од нив зависи какви ќе бидат вкупните ефекти од дадениот даночен закон. Дејството на еден прогресивно формулиран данок може да биде мало доколку законските дупки овозможуваат избегнување на плаќањето на данокот по високи стапки;
Дисторзиите во врска со структурата на инвестициите и штедењето, до кои доаѓа заради овие посебни олеснувања можат да бидат многу позначајни од дисторзијата во поглед на обемот на штедење и би предизвикало единствено оданочување на капиталот.
Постои разлика помеѓу избегнувањето на плаќање на даноци наспроти нивното прикривање. За разлика од прикривањето, избегнувањето подразбира користење на сите предности на одредбите на даночниот закон заради намалување на даночната обврска. Избегнувањето на плаќање данок претставува делување во согласност со даночниот закон, со водење сметка за фактот дека различни видови приходи различно се оданочуваат. Одредбите на даночниот закон кои на поединецот му овозможуваат легално да го избегне плаќањето на данок, или да ја намали својата даночна обврска се нарекуваат дупки во законот.
Ставот за дупките во законот зависи од аголот од кој се гледаат.
Постојат несогласувања за тоа што се дупките во законот. На пример, државата да донесе законско решение со кое се поттикнува развојот на нафтената индустрија. Критичарите, особено оние што сметаат дека ваквото решение е неосновано и дека е усвоено под влијание на групи, ќе го наречат ,,дупка во закнот`` затоа што ги намалува даноците на инвеститорите во
1
индустријата за нафта. Нејзините приврзаици, пак, ќе ги наречат ,,даночни расходи кои ја отсликуваат цврстата намера на државата со помош на даночните повластици да ја поттикнат оваа витална стопанска гранка``.
1. ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДАНОЦИТЕ
Даноците се вид на јавен приход кој произлегува од обврската што ја наложува државата на граѓаните и на претпријатијата со авторитетот на власта, задолжително да издвојуваат дел од својот приход или имот за задоволување на јавните, државните потреби.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET