Carini (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Carini (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
СОДРЖИНА:
ВОВЕД________________________________________________ 1
ПОИМ ЗА ЦАРИНИ И ВИДОВИ ЦАРИНИ__________________2
ПОИМ ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА__________________________5
ЦАРИНСКА ВРЕДНОСТ И ЕЛЕМЕНТИ НА ЦАРИНСКАТА ВРЕДНОСТ____________________________________________ 6
ЗАШТИТНАТА ФУНКЦИЈА НА ЦАРИНИТЕ_______________ 8
АКЦИЗИ_______________________________________________9
ЗАДАЧИ НА ЦАРИНСКИТЕ УПРАВИ____________________ 13
ЦЕЛ И УЛОГА НА ЦАРИНСКИТЕ УПРАВИ______________ 14
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЦАРИНИТЕ____________________15
ЗАКЛУЧОК___________________________________________ 16
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА____________________________ 17
ВОВЕД
Со развојот на светската трговија во времето на либерализмот, брзо созреа свеста дека препреките кои поединечни држави ги вовеле заради заштита на домашното производство, односно заради фискални, политички и други интереси, му попречуваат на слободниот протек на стоки и услуги на глобално ниво. Ова пак, довело до намалување на профитот, еден (ако не и единствениот) од најважните интереси во трговската размена во XIX-от век.
Поради тоа, веќе кон крајот на истиот век, се појавиле две тенденции кои се движеле во два правци. Од една страна, доаѓа до обид за либерализација на меѓународната трговија по пат на договор за отстранување на трговските, царинските и другите бариери, а од друга страна, доаѓа до формирање на политички и економски групации кои меѓусебно ги либерализираат и отстрануваат, во рамките на тие групации, сите бариери до одредено ниво кое меѓусебно им одговара, при што создаваат уште поцврсти бариери за трговијата спрема трети земји (земји кои не се членови на тие групации).
Во овој семинарски труд ќе бидат опфатени царините и нивните функци, како заштитната, така и фискалната функција и работата на царинските управи.
Царините, како што ќе биде и понатаму изложено, претставуваат јавна давачка која се воведува на увозената роба (иако постојат и извозни царини, но ти се многу ретки) и се во целосна надлежност на државата, односно на царинските служби.
Царините покрај тоа што го заштитува домашното производство, влијае и врз цената на производите, поради тоа што е потребно нивно систематско изучување.
Понатака во оваа семинарска работа ќе бидат подетално опфатени царините со сите нивни најважни елементи.
ПОИМ ЗА ЦАРИНИ И ВИДОВИ ЦАРИНИ
Царините претставуваат индиректен данок и се од особено значење во современите трговски односи. Тие се јавни давачки кои државата ги наплатува при премин на стоката преку државните граници. Царината е износ кој го плаќа увозникот на стоката по основ извоз, односно по основ на преминот на стоката преку царинската линија на одредена држава ( преку нејзината граница).
Царината ја карактеризираат следниве елементи:
царината е давачка
царината е, по правило, трошок на увозникот
царината е приход на државата
царината претставува инструмент за заштита на домашното производство
Според функцијата, целите и начинот на пресметка, царините се делат во повеќе категории.
Така, според правецот на движење на стоката, постојат следниве видови царини: увозни, извозни и провозни царини. Увозните царини се едни од најважните царини, затоа што извозните царини се применуваат во посебни, ретки случаи. Провозните царини претставуваат историска категорија, затоа што уште од Барселонската конференција (1921 година) не се применуваат.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET