Povrzanosta pomegu ekonomskite i politickite sistemi (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Povrzanosta pomegu ekonomskite i politickite sistemi (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Апстракт
Нашата семинарска работа ја изработивме со цел да ги согледаме повразаностите помеѓу економските и политичките системи. Економските и политичките системи се чини дека се две различни сфери на дејствување, меѓутоа во современи услови политиката, повеќе или помалку се меша во сите економски системи. Економскиот систем од секогаш бил дел од политичкиот систем и нивното меѓусебно влијание не може вештачки да се раздвои како тоа што било направено во либералистичките трудови и класичната економска мисла. Политичките интереси ја обликуваат економската политика на начин на којшто одделните национални економии успеваат преку мерки на економската политика да си ги остварат политичките цели. Исто така може да се види и за каква цел економија може да и послужи на политиката, и тоа како политиката се обидува да влијае на економија, и да се даде одговор на прашањето како политиката се употребува во економската теорија, или, со други зборови, да се утврди какво е влијанието на економијата во политиката.
Вовед
Во овој семинарски труд ќе се обидеме да го испитаме взаемниот однос помеѓу политичките системи и економските системи, како и нивните меѓусебни влијанија. Навидум економските и политичките системи се чини дека се две различни сфери на дејствување и како да нема смисла да се споредуваат, а уште помалку да се спојуваат. Економистите сметаат дека политиката не треба да се меша во економијата, меѓутоа во современи услови политиката, повеќе или помалку се меша во сите економски системи, од каде мешањето е неминовно и може да биде полезно и за самата економија.
Кога добро би погледнале во минатото, јасно можеме да заклучиме дека таа врска помеѓу нив од секогаш и постоела. Но нивното раздвојување, пред се, се должи на појавата на либерализмот. Може да видиме дека либералистите и покрај нивните намери за слободна размена и одвоеност на економскиот систем од политичкиот, биле неми пред фактот дека државата мора да интервенира, само онолку колку што е доволно за да опстане еден високо конкурентен ситем кој ќе предизвика благосостојба на националните економии. Карактеристики на економските и политичките системи може да се набљудуваат од аспект на нивната припадност како монистички и плуралистички системи. И можеме да видиме дека покрај тоа што политиката влијае на економските односи и економската политика, така и економијата дејствува врз политичкиот ситем и може да се види за каква цел економија може да и послужи на политиката.
Врската помеѓу економијата и политиката
Моќта и влијанието на државата, односно на нејзината влада, се огледува преку нејзината сила и можност да наметнува правила на игра кои можат да ја нарушат состојбата на идеалната совршена конкуренција. Либералистите укажуваат дека моќта на државата е штетна и непотребна на пазарот и дека `невидливата рака ` е онаа која најдобро ќе изврши алокација на ресурсите во светот. Тие сметаат, дека онаму каде приватниот сектор не може, или не е заинтересиран да вложува, тогаш тоа треба да го направи државата. Таков е случајот со јавните добра, како што се образованието (до одреден степен), редот, одбраната и друго, каде приватните капитали се недоволни и неефикасни во задоволување на овие потреби, кои по својот карактер се специфични и не секогаш се однесуваат на максимизирање на добивките.Обезбедувањето на јавните добра индиректно се врши преку политичките процеси, во кои граѓаните (со гласање) ја избираат онаа владеачка структура која во своите програми нуди такви јавни добра какви што граѓаните сакаат да добијат. Оттука се вели и дека политичкиот пристап е јавно донесување на одлуките.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET