Životen ciklus na proizvodite (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Životen ciklus na proizvodite (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


П О П Р Е Д М Е Т О Т
МАРКЕТИНГ
ТЕМА : ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ПРОИЗВОДИТЕ
Вовед
Животен циклус на производите претставува концепт кој особена популарност доживува во 1960-тите години. Немора да значи дека овој концепт се ограничува само на производи, туку сосема е применлив и за услугите и за оној најнов вид на производи електронски производи.
Она во што навлегува овој концепт е дека секогаш ќе постои раѓање и умирање на еден производ и/или услуга. Меѓу тие два процеса се наоѓаат останатите фази низ кои поминува тој еден производ. Едно нешто е јасно, денес и најиновативниот производ брзо добива своја конкуренција (дури може да се каже и подобрена конкуренција).
За разлика од минатото кога овој циклус можеше да биде подолготраен денеска се повеќе и повеќе се намалува, особено поради фактот на иновацијата која е се поприсутна и подоминантна во денешниот бизнис свет. Од друга страна тука се и купувачите чии навики се сосема променети и секогаш очекуваат нешто ново, нешто повеќе…
Дефинирање на животниот циклус на производите
Прв истражувач кој дава дефиниција на концептот на животниот циклус на производите е Robert D. Buzzell чија дефиниција и денеска е доста користена во научните кругови. Тој овој концепт го дефинира како:
Генерализиран модел на продажен тренд за класи или категории на производи во определен временски период и на поврзаните промени во конкурентското однесување.
Очигледно е дека на животниот циклус на производите влијаат продажбата и конкуренцијата. Колку повеќе се намалува продажбата станува јасно дека е потребен нов производ. Колку побргу конкуренцијата воведе нов производ толку побргу ќе треба да се возврати ударот.
Фази во животниот циклус на производите
Најчесто и наједноставно претставување на животниот циклус на производите се претставува како состав од 4 фази:
Воведување на производот
Раст
Зрелост
Пропаѓање.
Но, тука може да се забележи дека недостасуваат неколку елементи. Првин, ниеден животен циклус не започнува со воведување. Ајде да го земеме човекот. Тој не го започнува процесот на својот живот со раѓањето. Пред да се роди има цела една фаза која допринесува раѓање на едно бебе. Кога станува збор за производи и/или услуги исто пред да се воведе тој производ и/или услуга се наоѓа фазата на развој.
Во претставените фази недостасува и завршеток. Можеби вечно ќе се намалува инкрементално продажбата и ќе се наоѓаме во фазата на пропаѓање. Но, одлуката мора да се донесе, а тоа е да се прекине со тој производ и/или услуга.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET