Влез на странски пазар (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Влез на странски пазар (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА-ГЕВГЕЛИЈА
СЕМИНАРСКА РАБОТА
Предмет: -МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА
Тема: “ВЛЕЗ НА СТРАНСКИ ПАЗАР”
Изработил: Ментор:
Гевгелија,2009
Содржина:
1. Вовед……………………………………………………………………………........4
2. Пазарот и државата во модерната економија…………………...5
3. Дефинирање на пазарот………………………………………………..…….5
4. Пазарна алокација на ресурсите……………………………….………..6
5. Влез на странски пазар…………………………………….…….…………...8
5.1 Извоз………………………………………………………………………...8
5.2 Лиценца………………………………………………………..………..…8
5.3 Заеднички настап………………………………………..…………...9
6. Странски директни инвестиции……………………………..………...10
7. Заклучок:……………………………………………………………...…….…..…14
8. Користена литература………………………………………...……...…….15
АПСТРАКТ (резиме)
Одлуката за тоа како да се внесе странски пазар може да имаат значително влијание врз резултатите. Експанзија на странските пазари може да се постигне преку следните четири механизми: Извоз , Лиценцирање, Заеднички настап и Директни инвестиции. Странски дирекни инвестиции претставуваат вложувањето на странски капитал со кои странскиот инвеститор стекнува не само право на сопственост, туку и право на управување со фирмата во којашто вложува. СДИ можат да се однесуваат на основање на нови филијали во странство или на купување на веќе постојано претпријатие. Странските дирекни инвестиции претставуваат и најбрза растечка форма на меѓународното движење на капитал и влез на странски пазар. Динамиката на нивниот пораст е далеку поголема и од динамиката на пораст на светскиот извоз и узвоз. Странски дирекни инвестиции се однесува на две поврзани, но различни групи на активности, кои се објаснуваат со различни теории и од страна на различни гранки од економијата. Првата група се разгледува странски дирекни инвестиции (СДИ) од аспект на меѓународните финансии, или од макроаспект, додека другата група ги анализира СДИ од аспект на индустриската организација, односно од микроаспект.
Разгледно од макроаспект СДИ се дефинираат како посебен вид на тек на капитал преку националните граници, од матичната земја кон земјата домаќин, кој се евидентира во статистиката на платниот биланс.
1. Вовед
Нерамномерната и социјално неприфатлива распределба на доходот претставува иманентна карактеристика на пазарните економии. Пазарот, како ш то е познато, врши селекција помеѓу успешните и помалку успешните, помеѓу добрите и лошите економски субјекти. Фирмите кои успеваат да ги намалат трошоците на производство (на пример со користење на економии од обем, со воведување на поусовршена технологија, со вложување на човечки капитал, со подобра организација на трудот итн.), остваруваат повисоки профити. Фирмите со повисоки трошоци остваруваат пониски профити.
За да ја корегира нерамномерноста и често социјално неприфатливата распределба на доходот, државата преку даноците и другите јавни давачки зафаќа вонредно значаен дел од националниот доход на земјата и го концентрира во државниот буџет. Врз таа основа, државата троши, прави големи јавни расходи, со што се постигнуваат значајни редистрибутивни ефекти. Во современи услови државата се јавува како голем потрошувач на најразновидни добра и услуги-од моливи, хартија и гуми до тенкови, воени авиони и подморници. Државата , насекаде во светот, троши огромни средства за социјални трансвери, како што е помошта за невработените, помошта на сиромашните и социјално загрозените семејства.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET