Vidovi trošoci (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Vidovi trošoci (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ‘‘ – ШТИП
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ
СЕМИНАРСКА РАБОТА
Наслов на темата:
Видови трошоци
Ментор: Кандидати:
Струмица , Мај 2012
С О Д Р Ж И Н А
Апстракт......................................................................................................................3
Вовед..........................................................................................................................4
1.Поим за трошоци....................................................................................................5
2.Основи на дефинирањето на различните поделби трошоци..............................6
2.1 Природни видови на трошоци.............................................................................6
2.2 Трошоци според начинот на нивно идентификување со производите и активностите...............................................................................................................8
2.3 Трошоци според начинот на нивно реагирање врз промена на обемот на работење....................................................................................................................9
2.4 Вкупни и просечни трошоци..............................................................................11
2.5 Производствени и неопроизводствени трошоци.............................................12
2.6 Фактички и предвидени трошоци......................................................................13
2.7 Гранични трошоци.............................................................................................14
2.8 Опортунитетни трошоци....................................................................................15
Заклучок....................................................................................................................16
Користена литература.............................................................................................17
Апстракт
Нашата семинарска работа ја изработивме со цел да ги објасниме различните видови на трошоци со кои што се среќава едно претпријатие во своето работење. Трошоците се без сомнение најголемиот показател за успехот во работењето на претпријатието. Според тоа, доколку претпријатието не ги контролира и планира своите трошоци ќе се соочи со негативни последици од своето работење. Постојат повеќе видови на трошоци. Природната поделба ги дели трошоците на: потрошени материјали, амортизација, плати, вкалкулирани придонеси и услуги од други. Според начинот на нивното идентификување со производите и активностите тие се делат на директни и индиректни. Според тоа како реагираат врз обемот на производство тие можат да бидат: фиксни, варијабилни и релативно фиксни трошоци. Исто така, во нашата семинарска работа ќе ги објасниме и производствените и непроизводствените, вкупните и просечните, граничните и опортунитетните и фактичките и предвидените трошоци.
Вовед
Трошоците како економска-сметководствена категорија се присутни во сите сфери на општествен поредок. Историските податоци упатуваат на тоа дека тие биле присутни уште во најраните облици на човековото постоење и работење. Одсекогаш, човековата одлука се базирала на трошоците, кои се идетификуваат со рационално трошење на средства и труд.
Трошоците претставуваат најзначаен и најдинамичен елемент на секоја економија. Тие се всушност проблематика, која секогаш е присутна во голем број научни дисциплини, особено во економската. Не е случајно што и во обичниот говор зборот економија се изедначува со радионалното трошење на средствата, односно со заштедите во трошењето или со намалување на трошоците.
Предмет на анализа на овој труд се различните класификации на трошоците, како и нивната примена во процесот на управување и деловно одлучување.
1. Поим за трошоци
Голем број автори ја разбработувале трошковната проблематика и оставиле бројни дефиниции за трошоците. Општо прифатена е следната дефиниција: Трошоците претставуваат вредносен (паричен) израз на потрошените елементи на производството. Трошоците набљудувани од овој аспект, како вредносен израз на трошењата на основните елементи во процесот на производството, претставуваат трошоци во потесна смисла на зборот.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET