STO- Svetska trgovska organizacija (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "STO- Svetska trgovska organizacija (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
СОДРЖИНА:
Вовед......................................................................................................2
Правила и принципи на СТО...............................................................3
Примена на принципите на СТО во преговорите..............................4
Земјите во развој и трговијата.............................................................5
Р. Македонија во процесот на преговори за влез во СТО.................6
Преземени обврски и отстапки во трговијата со стоки и услуги.....6
Придобивки од членството на Р. Македонија во СТО......................9
Заклучок................................................................................................10
Користена литература.........................................................................12
ВОВЕД
Светската трговска организација почнала да функцинира на 1 јануари 1995 година, како наследник односно сукцесор на генералниот договор за тарифите и трговијата- GATT кој бил создаден во 1947 година и продолжил да дејствува односно да функционира скоро цели 5 декади како de facto меѓународна организација.
СТО се занимава односно се справува со правилата на трговија помеѓу нациите на глобално ниво, таа е одговорна за преговарање и имплементирање на нови трговски договори, и е одговорна за спроведување на трговските договори.
Поголемиот дел од работата Светската трговска организација доаѓа од периодот на преговорите кои се одвивале од 1986 до 1994 година наречени Угугвајска Рунда, и поранешните договори кои се одвивале под закрила на GATT.
Организацијата моментално е домаќин на нови преговори, познати како, Доха, развојната агенда лансирана во 2001 година.
Инаку оваа организација е водена од страна на Министерската конференција која се состанува на секои две години, Генералното собрание кое ги имплементира одлуките за политиките донесени од страна на конференцијата и е одговорна за секојдневна администрација, како и Генералниот директор, кој е назначен од Министерската конференција. Нејзиното седиште се наоѓа во Женева, Швајцарија.
Постојат повеќе начини на гледање на оваа организација. Таа е организација за либерализирање на трговијата. Исто така е форум за владите да преговараат за трговските договори.Светската трговска организација исто така е место каде што може да се решат одредени трговски несогласувања, односно таа оперира како систем од трговски правила.Над се, таа е преговарачки форум односно место каде што државите членки односно нивните влади се обидуваат да ги сортираат проблемите кои се јавуваат околу трговијата.
Токму поради овие причини јас се одлучив да ја разработам Светската трговска организација како најзначајна организација во областа на трговијата и економијата, како придобивките на Р. Македонија од учеството во СТО.
ПРАВИЛА И ПРИНЦИПИ НА СТО
Принципите на недискриминација , транспарентност и либерализација се основа на мултилатерален трговски систем.
1.) Принцип на недискриминација
Принципот на недискриминација ги содржи третманот на најповластена нација и националниот третман.
Третманот на најповластена нација - значи дека земјите не можат да вршат дискриминација на своите трговски партнери , односно ако се даде пониска царина за одреден производ за една земја истото мора да биде дадено за сите членки на СТО . Дозволени се некои отстапки , како на пример земјите во рамките на еден регион може да воспостават договор за слободна трговија при што меѓусебните отстапки од истиот не се однесуваат на други земји.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET