Banki vo R | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Banki vo R. Makedonija (Makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 Банки во Р. Македонија и нивна ефикасност
Банката е претпријатие чија основна функција е да овозможува услуги кои се поврзани со зачувување на цени и кредитирање. Со појавата на писменоста започнува еволуцијата на банките и продолжува до денес. Банката како финансиска институција располага со широк круг од финансиски услуги. Многу луѓе сметаат дека парите треба да ги чуваат во банка. Банката е таа која бележи кој колку пари вади од својата сметка и колку на неа става,всушност оваа информација се искажува во вид на банкарски извод. Значи денес банките се занимаваат со чување на пари, со осигурување,пензии и хипотеки односно заеми за купување на станбен објект.
Во денешно време поимот банка се користи за институција којашто има лиценца издадена од соодветна институција за финансиски надзор којшто дава право за извршување на најфундаменталните банкови услуги како што се примање на депозити и давање на заеми.
Зборот банка произлегува од италијанскиот збор “BANCA” што на свој ред произлегува и означува клупа.
Банкарското работење започнува во Вавилон пред околу 3000 години. Причината за започнување на таквото работење се гледа во златото,бидејќи при поседувањето на златото,било тешко да се носи во себе па така луѓето го оставале кај некој свој пријател со сигурност. Тој пак од своја страна давал гаранција за чување на златото.
Банките се дефинираат како правно лице кое ги извршува минимум следните банкарски работи:
-прибирање на депозити;
-пласирање на прибрани депозити во кредити или други инвестиции за сметка на банката;
-други активности кои со закон се предвидени да ги вршат исклучиво банките како на пример вршење на платен промет во земјата.
Банкарскиот сектор на Република Македонија кој воедно има доминантно учество во финансискиот систем,се состои од 21 банка и 15 штедилници.
Банки во Македонија се: Тутунска банка- АД Скопје, Еуростандард банка- АД Скопје, Алфа банка АД Скопје, Кредитна банка –АД Скопје, Инвест банка АД Скопје,Капитал банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје,Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Прокредит АД банка Скопје, Стопанска банка АД Скопје и други.
Централна банка на Р. Македонија
За централен агент на примарниот паричен поредок е утврдена Народната банка на Република Македонија. Според законот за Народна банка на Република Македонија основна функција на НБРМ е да ја штити вредноста на денарот.
НБРМ е самостојна и одговорна за стабилноста на домашната валута за монетарната политика и за општата ликвидност на плаќањата во Република Македонија како и во странство.
Значи Централната банка на Р. Македонија спаѓа во редот на Централни банки што не може да ја избира својата крајна цел, туку таа може да го избира степенот на стабилноста на домашната валута и начинот на нејзиното остварување. Стабилноста на домашната валута се остварува ако побарувачката за домашни стоки и услуги се зголемува во ист обем како и потенцијалното производство.
Народната банка на Република Македонија формулира и спроведува монетарна политика меѓутоа со различен степен на самостојност. Таа има ограничена самостојност во формулирањето на монетарната политика а е наполно самостојна при нејзиното спроведување.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET