Bankarstvo- Aktuelnata sostojba na bankarskiot sistem na R | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Bankarstvo- Aktuelnata sostojba na bankarskiot sistem na R.Makedonija (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
Вовед
Централна банка на Република Македонија
Број на банки и штеделници
Сопственичка структура
Активност на банките
Депозити на нефинансиски правни лица и население
Профитабилност
Услови за основање на комерцијална банка
Дозвола за основање и работење
Дозвола за статусни измени кај Комерцијална банка
ЗаклучокКористена литература
Вовед
Банките се основните институции во финансискиот сектор на една држава, тие се основниот стожер за развој на една економија, развиениот и со еден збор добар банкарски систем, придонесува за општа благосостојба на економијата на долг рок. Развиеноста на банкарството во Република Македонија споредбено со другите земји е сеуште на ниско ниво, но се согледуваат многубројни показатели кои укажуваат на позитивен тренд во развојот на ова поле.
За банкарскиот систем на Република Македонија може да стане збор од 226 април 1992 година кога донесувањето на пакетот закони од областа на банките и банкарското работење, беше извршено монетарно осамостојување на земјата. Дотогаш Република Македонија со својата филијала на народна банка на Југославија и со нејзините деловни банки, беше вклучена во банкарскиот систем на тогашната СФРЈ, која имаше своја долготрајна традиција.
Во рамките на пакетот закони од областа на банкарството беа донесени неколку законски акти, и тоа:
- Законот за народна банка на Република Македонија;
- Законот на банките и штедилниците;
- Законот за парична единица;
- Законот за користење на денарот како платежно средство во Република Македонија; и
- некои други законски и подзаконски акти.
Со тоа беа поставени темелите на банкарскиот систем на Република Македонија врз кои треба да се гради и усовршува наредните години.
Централна банка на Република Македонија
Уставот на Р.Македонија од 1991 година Народната банка на Република Македонија ја определи како емисиона банка, самостојна и одговорна за стабилноста на валутата, монетарната политика и за општата ликвидност за плаќањата во земјата и странство.
Основна цел на Народната банка според Законот е Одржување на ценовната стабилност. Меѓутоа, таа истовремено ја поддржува и економската политика и финансиската стабилност на зенјата без да се загрози остварувањето на основната цел, почитувајќи ги начелата на пазарната економија.
Народна банка, во рамките на своите права и обврски ги врши следниве функции:
- ја утврдува и ја спроведува монетарната политика;
- ја регулира општата ликвидност на банкарскиот систем;
- ја регулира ликвидноста во плаќањата спрема странство;
- ја утврдува политиката на девизниот курс на денарот;
- управува и ракува со девизните резерви;
- го уредува платниот систем, во согласност со закон;
- воспоставува информативен систем;
- издава книжни и ковани пари;
- Откупува ретки и оригинални монети од тлото на Република Македонија; и др.
Со Народната банка на Р.М. управува и раководи советот на банката кој е сочинет од: гувернерот, двајца вицегувернери и шест членови.
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET