Registrirani prijavi za zasnovani rabotni odnosi vo R | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Registrirani prijavi za zasnovani rabotni odnosi vo R.M. (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Содржина
Вовед……………………………………………………………3
Дефинирање на работниот однос…………………………….4
Пријавување и одјавување на работниот однос……………..5
Регистрирани пријави за засновани работни односи…….....7
Заклучок…………………………….………………………...13
Користена литература…………………………….………….14
Вовед
Во овој семинарски труд предмет на истражување ни се регистрираните пријави за засновани работни односи во Република Македонија. Посебен акцент е ставен на дефинирањето на работниот однос како и пријавувањето и одјавувањето на истиот , затоа што секој труд е потрошок на човековата работна сила во физиолошка смисла и во ова својство на еднаков човечки или апстрактен човечки труд, ја создава вредноста на стоката.
Цел на регистрираните пријави за засновани односи е вклучување на работници во работниот процес, како и обезбедување на усогласено одвивање на тој процес, при што се почитува правото на работниците на слобода на трудот, достоинство и заштита на интересите на работниците во работниот однос.
Овие пријави ги разработува Агенцијата за вработување на Република Македонија со цел да се дознае колкав е бројот на истите. Тие статистички се обработени во долунаведените податоци.
Дефинирање на работниот однос
Односите што се воспоставуваат во областа на трудот се нарекуваат работни односи. Работниот однос се воспоставува меѓу работникот, кој го отстапува (изнајмува) својот труд (работни активности), за да може да обезбеди средства за лична и семејна егзистениција и сопствениците на средствата за работа (капиталот) работодавачите.
Повеќето лица статусот вработен го добиваат по едно интервју со одредена компанија. Ако се одреди дека лицето го задоволува местото, тој или таа добиваат официјална понуда за вработување во рамките на компанијата со дефинирани почетна плата и место. Ова лице тогаш ги стекнува сите права и привилегии на еден вработен, кои моше да вклучуваат здравствено осигурување и денови за одмор. Односот меѓу корпорацијата и вработените обично се одвива преку одделот за човечки ресурси, која се справува со воведувањето на новите вработени и со исплаќањето на сите бенефиции со кои може да се здобие или со сите поплаки кои вработениот може да ги има.
Вработените може да се организираат во работнички синдикати или синдикати, кои го застапуваат поголемиот дел од работната сила во една единствена организација. Тие ја користат својата застапувачка власт за колективно да се договараат со раководството на компаниите со цел да ги претстават грижите и барањата на своите членови.
Пријавување и одјавување на работен однос
Пријавувањето и одјавувањето од работен однос, односно од задолжително социјално осигурување е уредено со Законот за работните односи, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Законот за евиденциите во областа на трудот.
Работодавачот е должен да го пријави секое засновање на работен однос и секој престанок на работен однос. Пријавувањето на работен однос, работодавачот може да го изврши:
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET