Reforma na carinskata uprava vo Republika Makedonija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Reforma na carinskata uprava vo Republika Makedonija (makedonski)". Rad ima 24 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


СТРУЧЕН ТРУД ПО ПРЕДМЕТОТ
ЦАРИНА И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКА
ТЕМА:
РЕФОРМ А НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА ВО Р.М
(УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ, ЕФИКАСНОСТ И СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА)
Ментор: Изработи:
С О Д Р Ж И Н А
Вовед ...................................................................................................... 3
Фактори за појава на корупција ............................................................ 4
Плата на царинските службеници ............................................ 4
Корумпирана организација ...................................................... 5
Казнена политика ....................................................................... 6
Недоволна понуда на царински услуги ..................................... 7
Стратегија на антикорупциската борба и примена на мерки во согласност со мерките на европските земји ................................................................ 7
Автоматизација(информатичка технологија) ............................. 7
Поделба на работата и ротација .......................................... ....... 10
Интерна и екстерна ревизија ................................................ ...... 11
Вработување и напредување ............................................... ..... 12
Правила на службата, санкции и етички кодекс .................... .... 12
Обука ........................................................................................ ... 13
Плати и бонуси ......................................................................... ... 13
Соработка со Царинската Управа ............................................ .... 14
Видови прекршоци .............................................................................. ... 15
Избегнување на преглед ................................... .......................... 16
Нецаринење на стока ........................................ .......................... 17
Паушално царинење .......................................... .......................... 17
Лажен транзит и враќање на стока ..................... ......................... 17
Замена или рекласификација ...................................................... 18
Намалување на царинската основица ......................................... 19
Интегритет и борба против коруоцијата во РМ................ ........................ 20
Европол ................................................................................ ..................... 21
Управување со информациите на Европол ................................. . 22
Заклучок
В О В Е Д
Царинската корупција претставува озбилен проблем кој го загрозува угледот на државата и воедно нанесува голема економска штета. Една од попознатите дефиниции за царинската корупција е:” злоупотреба на јавната позиција заради стекнување приватни користи или корупција постои доколку дојде до намерно нарушување на принципот на непристасност при донесувањето на одлуки со цел добивање на одредени погодности”. Основни елементи на втората дефиниција се (1) постоење на пристрасност, (2) постоење на намера и (3) земање на материјални користи како мотив за корупцијата. Постоењето на пристрасност значи на пр кога цариснкиот службеник намерно ја пушта стоката според тарифен број со пониска царинска стапка или намерно несто пропушта во постапката што иначе би требало да го изврши според прописите на пр ја пушта стоката без да изврши преглед на истата. Според тоа се врши кршење на правилата на процедурата односно се врши нееднаква примена на тие правила спрема различни физички и правни лица како корисници на услугите на царинската администрација. Меѓутоа за да постои корупција мора да постои и намера за истата. На пр доколку царинскиот службеник на крајот од смената како резулата на замор примени пониска царинска тарифа одколку што е предвидено со Законот за царинска тарифа правилата се прекршени меѓутоа за тоа не постоела намера што значи дека тој царински службеник не е корумпиран. Исто така царински службеник кој не добил материјална корист не може да се смета за корумпиран.
Секоја корупција па така и царинската претставува склучување на нелегален и неформален договор меѓу корупторот и корумпираниот. Таквиот договор ги прецизира сите детали околу трансакцијата. На пр каква услуга се очекува од царинскиот службеник и во кој рок како и што се очекува од корупторот колку, на кој начин и кога ќе плати за извршената услуга. Многу е важно дека се работи за нелегален договор, договор со кој се крши законот. Значи корупцијата претставува трансакција во која од една страна постои тек на услуги од царинскиот службеник кон корупторот и ова се нарекува реален тек и тука спаѓа секое дејствие што предизвикува нарушување на прописитеи дејствие со кео корисникот на услугата се доведува до повластена позиција и од друга страна постои противуслуга од корупторот кон корумпираниот цариснки службеник и истото се нарекува финансиски тек. Мотивот за нудење мито на цариснките службеници е фактот што корисникот на услугата ќе биде ослободен од плаќање царина а со самото тоа се врши зголемување на нивната рента бидејќи во нормални пазарни услови рамнотежната цена е доволна да ги покрие трошоците на ангажираните ресурси во кој треба да се вбори и цената на капиталот која одговара на профитот. При тоа со неплаќање на царина се овозможува присвојување на рента. Од друга страна со неплаќање на царина увозникот мозе да ја намали продажната цена и да биде поконкурентен на пазарот со што може да се заземе монополска позиција и повторно да се присвои одредена рента.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET