Privlekuvanje na investicii (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Privlekuvanje na investicii (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ
СОДРЖИНА
ВОВЕД..................................................................................................................3
1. Странски директни инвестиции (СДИ)..........................................................4
2. Мотиви за влез на СДИ..................................................................................5
3. Привлекување на странски директни инвестиции во земјите од Југоисточна Европа.............................................................................................6
4. Привлекување на странски директни инвестиции во Република Македонија.........................................................................................................8
ЗАКЛУЧОК.........................................................................................................11
Користена литература......................................................................................12
ВОВЕД
ИНВЕСТИЦИОНАТА ПОЛИТИКА претставу ва економска категорија која ги разгледува клучните и едни од најзначајните ф актори на економскиот развој – инвестициите. Од нивниот обем, структурат а и ефикасноста на употребата е детерминиран процесот на економскиот развој на една земја.
Инвестиционата политика претставува најзначаен дел од развојната макро економска политика, со голема улога за економскиот раст и за постигнување повисоко ниво на економска развиеност. Инвестиционата п олитика, поаѓајќи од целите на економскиот развој, ги определува начините како нај ефикасно да се постигнат целите на развојот во секоја фаза од развојо т на националната економија.
Може да се донесат следниве заклучоци поврзани со функцијата на
инвестиционата политика, и тоа дека:
• Инвестиционата политика означува збир на мерки на владата со кои се
влијае врз остварување на инвестиционата активност, односно
• Инвестиционата политика ги опфаќа мерките и инструментите кои се
однесуваат на инвестициите и економскиот развој.
Кога во некоја земја нема доволно извори за инвестирање тогаш како излесз се гледаат инвестициите од надвор, а посебно странските директни инвестиции или популарно наречени „гринфилд“ инвестиции. Зошто е тоа така и какви политики води Република Македонија и какви политики водат земјите од регионот за привлекување на СДИ ќе се обидам да објаснам во оваа проектна задача.
1. Странски директни инвестиции (СДИ)
СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ (СДИ) п ретставуваат еден од најважните инструменти за посредување кои во една нацио нална економија го поттикнуваат производството, увозот на know how-от, рас т на вработеноста, развојот на инфраструктурата, намалување на сиромаштијата и т.н . Бенефитите кои се остваруваат со приливот од СДИ, предизвикаа остра конкур ентност на глобалните пазари на слободниот капитал, а се со цел, привлекување на што пообемни и разновидни СДИ. Општиот тренд на светскиот пазар на СДИ е бришење на географските граници помеѓу земјите во развој и развиените земји: земјите во развој во последните три години, освен што претставуваат растечки пазар на СДИ, воедно тежат кон привлекување на капитално интензивни инвестиции, како и инв естиции во истражување и развој (R&D).
Директните странски инвестиции може да се дефинираат и како вложувања на капитал од претпријатијата од странски земји или мултинационални компании во капацитети, во вид на претпријатија или филијали во земјата-домаќин. Според тоа, со странските директни инвестиции се стекнува сопственичка контрола.
Во Извештај за меѓународната инвестициона позиција на Република Македонија за периодот 2003-2005год., НБРМ ја прави следнава класификација за формата на инвестирањето:
Директните ивестиции се вложувања со кои инвеститорот има намера да воспостави трајна економска поврзаност и/или да оствари право на управување со правното лице во кое инвестира. Притоа, како критериум за дефинирање на директните инвестиции, согласно меѓународните препораки и стандарди, се користи минимално учество од 10% во капиталот или одлучувачко право на глас во правното лице во кое се инвестира. Директните инвестиции го вклучуваат акционерскиот капитал, реинвестираната добивка и долгот на меѓусебно поврзаните субјекти. Извор на податоци за директните инвестиции за составување на меѓународната инвестициона позиција на Република Македонија, се прашалниците - извештаите за состојбата и прометот на поврзаните субјекти кои до НБРМ на годишна основа ги доставуваат сите правни лица-резиденти за вложувањата во и од странство.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET