Prestanok na trgovskite drustva (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Prestanok na trgovskite drustva (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

ВОВЕД
Престанокот на трговските друштва е составен дел од работата на друштвата, односно поврзано е со настанување на определени причини утврдени во Законот за трговските друштва и Законот за стечај.
Главно, разликуваме, два вида престанок и тоа: посакуван и принуден.
Посакуван престанок е однапред утврден ( expiration) или престанок, односно, ликвидација со одлука на содружниците или акционерите во друштвото (кога одлуката за престанок не е резултат на инсолвентност и сл.).
Во оваа семинарска работа ќе биде обработен токму престанокот на трговските друштва и во тој контекст ќе се задржам на ликвидацијата на трговските друштва, стечајот на трговските друштва и поведувањето на стечајната постапка.
ЛИКВИДАЦИЈА НА ТРГОВСКОТО ДРУШТВО
Ликвидацијата на трговските друштва е комплексен правен институт. По престанокот на трговското друштво над кое не била спроведена стечајната постапка се спроведува ликвидација. Престанокот на трговското друштво сам по себе не доведува до престанување на правниот субјективитет на друштвото, туку само до запирање на активната трговска дејност, затоа се спроведува постапка за ликвидирање на настанатите правни односи. Само после спроведената постапка за ликвидација престанува правниот субјективитет на друштвото. Според тоа, ликвидацијата се јавува како правна последица од престанокот на друштвото.
Престанокот на трговското друштво настанува врз основа на одлуката на содружниците или надлежниот државен орган (а тоа е најчесто судот).
Во ликвидација може да биде само друштвото кое веќе престанало со работа. Тоа сосема јасно може да се види од формулацијата за трговските друштва каде стои: доколку не се отвори стечајна постапка над друштвото, по престанокот на друштвото се спроведува ликвидација.
Меѓутоа, во сите случаи на престанокот на друштвото не се спроведува ликвидација. Таков е случајот при спојување,припојување или поделбата на друштвото и при преобразба на друштвото од одна форма во друга форма.
Ликвидацијата е пропишана во Законот за трговските друштва, тоа не е повеќе судска постапка, бидејќи повеќе не ја води ниту раководи судот.
Ликвидацијата на јавното трговско друштво ја спроведуваат сите содружници, како ликвидатори, а на командното друштво сите комплементари (ако со спогодбата за друштвото содрушниците не ја доверат на: одделнисодружници или други лица – физички и правни) додека на друштвото со ограничена одговорност и на акционерското друштво ја спроведуваат членовите на органот на управување односно управителот на друштвото, во својство на ликвидатори. Ако друштвото престанало со правосилна судска одлука ликвидацијата ја спроведува ликвидаторот именуван од страна на судот, од редот на овластени стечајни управници. Ликвидаторот има право на надомест на трошоците и на награда за неговата работа кои ги определува судот, а паѓаат на товар на друштвото кое се ликвидира. Ликвидаторот кој не е именуван од судот може во секое време да биде разрешен од страна на содружниците, собирот на содружниците, односно од собранието на акционери на друштвото. Ликвидаторот се упишува во трговскиот регистар. Тој го заверува својот потпис кај судот, ако тоа го нема сторено како член на органот на управување или како управител.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET