Porakata vo delovnata komunikacija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Porakata vo delovnata komunikacija (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ
Насока : Банкарство, финансии и осигурување
СЕМИНАРСКА РАБОТА
ТЕМА: ПОРАКАТА ВО ДЕЛОВНАТА КОМУНИКАЦИЈА
ментор кандидат
Проф. д-р Јован Пејковски Ивица Стрезоски
Бр. на индекс 082628
Скопје , ноември 2013
СОДРЖИНА
Апстракт...........................................................................................................3
1. Вовед............................................................................................................4
2. Пораката во деловната комуникација.......................................................5
3. Процес на комуницирање...........................................................................6
3.1. Испраќачот има идеја ..................................................................6
3.2. Испраќачот ја трансформира идејата во порака........................7
3.3. Пораката е пренесена...................................................................7
3.4. Примачот ја добива пораката ......................................................8
3.5. Примачот ја разбира пораката.....................................................8
4. Канали и медиуми ......................................................................................9
5. Видови пораки…........................................................................................10
6. Заклучок.....................................................................................................11
7. Користена литература..............................................................................12
Апстракт
Комуницирањето е составен дел од животот на човекот, преку него се добиваат информации, неоходни за остварување на сите активности со секојдневното живеење и деловно работење. Независно дали се пишува, се зборува, се слуша , се чита, се смета со право, дека комуникацијата не е обична постапка.
Вештината на комуницирање претставува активност на духот, која со време и искуство, се менува. Комуникацијата е перманентен процес кој подразбира праќање и прием на пораки , усмена и писмена компонента во општењето, со основна цел размена на идеи
Деловна комуникација претставува комуникација меѓу вработените во една организација и надвор од неа, чијашто основна цел е реализирање на деловни активности во интерес на остварување на утврдените цели на организацијата.
Деловното комуницирање е формализиран процес на примање и испраќање на пораки. Во тој процес испраќачот пренесува определена порака или информација до примачот за определена појава или настан.
За пренесување на пораки и информации од различен тип , без разлика на типот на комуникација , се користат дефинирани сигнали, знаци и термини.
1.Вовед
Деловната комуникацијата се состои од испраќач, порака и примач. Целта на деловната комуникација е постигнување заемно разбирање на испраќачот и примачот на пораката.
Се додека не се оствари меѓусебно разбирање , не може да се зборува за комуникација. Пораките кои се испраќаат по пат на комуницирање , можат да имаат различна намена во зависност од потребата на индивидуата или на организацијата која комуницира. Овие пораки се користат за да се информираат, да постават прашање, да поттикнат, да наговорат, да влијаат, да пружат знаење и сл. Затоа , начинот на кој се остварува комуникацијата, креирањето и праќањето на пораката, најчесто зависи од неколку фактори :
Од ситуацијата
Од природата
Од содржината на пораката
Бројот на луѓе на кои им е наменета пораката.
За пренесување на пораки од различен тип, без разлика на типот на комуникација, се користат дефинирани сигнали, знаци и термини.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET