Poim i vidovi na trošoci (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Poim i vidovi na trošoci (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

ПОИМ И ВИДОВИ НА ТРОШОЦИ
СОДРЖИНА
ВОВЕД
1. Поим и значење на трошоците
2. Видови на трошоци
2.1. Вкупни трошоци: фиксни и варијабилни
2.2. Просечни трошоци
2.3. Маргинални трошоци
3. Што открива графиконот на просечните и на маргиналните трошоци
ЗАКЛУЧОК
Користена литература
ВОВЕД
Секое претпријатие, без оглед на формата на организацијата, значи без оглед дали станува збор за форма во индивидуална сопственост, за партнерство или за корпорација, за да ја врши својата економска активност, мора да ангажира инпуи, односно фактори за производство: труд, капитал, земја и претприемачи. Ангажирањето на факторите на производство е врзано со парични издатоци, односно плаќања што претпријатието мора да ги направи. Така на пример, претпријатието што произведува модерни машки, женски и детски чевли преви парични издатоци, плаќајќи им наемнини на вработените, плаќајќи им на своите добавувачи за испорака на кожа, ѓон, гума, лепило, боја итн., плакајќи ги своите фиксни обврски кон банките за порано добиените кредити, плакајќи определени износи на осигурителната компанија која што го обезбедува имотот на претпријатието од непредвидливи ситуации (пожар, поплава и сл.) како и бројни други плаќања, парични издатоци, врзани за нормалното работење на претпријатието. Сите овие плаќања и издатоци во економијата со едно има се нарекуваат трошоци.
Бидејќи секое претпријатие кое нормално функционира прави трошоци и затоа што од нив многу зависи разултатот што ќе го оствари претпријатието (добивка или загуба) тие заземаат значајно место во економската наука.
1. Поим и значење на трошоците
Паричните издатоци, односно плаќања, што претпријатието ги врши за ангажираните фактори на производство во економијата се викаат трошоци.
Трошоците се многу значајна економска категорија којашто најдиректно е врзана со профитот на претпријатието, значи со успешноста на работењето на претпријатието. Имено, профитот на секое претпријатие се покажува како разлика помеѓу вкупниот приход и вкупните трошоци. Претпријатието што произведува машки, женски и детски чевли својот вкупен приход главно го реализира со продажба на своите производи. Значи, вкупниот приход претпријатието ќе го пресмета кога секој пар продадени чевли во текот на годината ќе го помножи со пазарната цена. Но, вкупниот приход не може да се сведе на добивка, профит на претпријатието, заради простиот факт што претпријатието, произведувајќи чевли направило најразновидни трошоци, најразновидни парични издатоци – за плати, за купување кожа, ѓон, гума итн. Според тоа, профитот на претпријатието ќе го добиеме кога од вкупниот приход ќе ги одбиеме вкупните трошоци што претпријатието морало да ги направи за да ги произведе и продаде чевлите. Сега станува јасно дека секое зголемување на трошоците на претпријатието, при други непроменети услови, ја смалува разликата помеѓу приход на претпријатието и вкупните трошоци, значи го смалува профитот на претпријатието. Затоа, секое претпријатие преку сметководството педантно ги евидентира сите трошоци врзани за работењето, детално ги анализира и настојува да постигне што е можно поголеми ефекти ( поголемо производство и поголем вкупен приход) со што е можно помали трошоци. Менаџерските екипи во претпријатието, потпирајќи се врз анализа на трошоците направена од стручни екипи (економисти и технолози), а кои упатуваат на големината на одделните видови трошоци, нивното однесување на краток и долг рок во зависност од обемот на производството, примената на технологијата и сл, на соодносите на различните видови на трошоци итн., донесуваат многу значајни деловни одлуки, вклучувајќи ги тука и оние за зголемување на капацитетите, на производството, на продажбата и сл.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET