Pazar na trud (makedonski) | seminarski diplomski
Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Pazar na trud (makedonski)". Rad ima 8 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.
С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А
Основи на економија
ТЕМА :
Пазар на труд
М Е Н Т О Р : И З Р А Б О Т И Л :
Содржина
Вовед...................................................................................................................................2
Побарувачката за работна сила........................................................................................3
Пазарна, вкупна побарувачка за труд.............................................................................4
Понудата на работна сила................................................................................................5
Разлика во плати...............................................................................................................6
Значењето на дискриминацијата и чистењето на пазарот на трудот – ортодоксален пристап..............................................................................................................................8
Значењето на синдикатите..............................................................................................9
Заклучок...........................................................................................................................11
Користена литература....................................................................................................12
ВОВЕД
Економијата е наука којa изучува што треба да се произведува, како да се произведува и за кого. Економијата исто така го проучува движењето на цените, производството, невработеноста, извозот, увозот, општесвениот производ, националниот доход, инвестициите, потрошувачката и др.
Економијата всушност бара начин како да влијае врз факторите на овие движења за да ги насочи во саканиот правец и да ги зголеми ефектите во општеството. Тоа го остварува преку мерките и инструментите на макроекономската политика. Втора дефиниција за економија би била дека таа бара одговор како субјектите оптимално да ги користат ограничените ресурси(работна сила, машините, опремата, информациите) за создавање на различни стоки.
Значи економијата е научна област со која се истражува како субјектите во едно општество да ги користат ограничените ресурси за да создадат вредни производи и да ги распределат меѓу субјектите во општеството.
1. ПОБАРУВАЧКАТА ЗА РАБОТНА СИЛА
Побарувачката на работна сила(труд), како што впрочем тоа е случај и со побарувачката на секој друг фактор на производство е изведена. Тоа значи дека таа зависи од побарувачката за финални производи што ги произведува определен вид на труд.
Во моделот на потполна конкуренција побарувачката на труд е детерминирана од соодносот помеѓу маргиналниот приход на трудот и неговитот маргинален трошок. Според тоа фирмата што го максимизира профитот во услови на потполна кункуренција ќе вработува нови работници се дотогаш додека маргиналниот приход (маргиналниот производ помножен со цената на производот) што се добива од дополнително ангажираниот работник е поголем од маргиналниот трошок(наемнината) на дополнително ангажираниот работник.
ПАЗАРНА, ВКУПНА ПОБАРУВАЧКА ЗА ТРУД
Пазарната(вкупната) побарувачка за труд се добива со собирање, агрегирање, на поединечните побарувачки на труд на секое претпријатие. Додека кај поединечната побарувачка за труд цената на производот е фиксна( будејќи претпријатието само по себе има маргинално учество во вкупната понуда), кај пазарната(вкупната) побарувачка за труд цената на производот може да се намали (бидејќи ако најголемиот број од претпријатија го зголемат аутпутот, тоа нужно ќе се одрази и врз вкупната понуда).
...
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET