Pazar na kapital (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Pazar na kapital (makedonski)". Rad ima 18 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 1.Вовед
Пазарот пртставува место каде што се среќават понудата и побарувачката на одредено добро или услуга.Во зависност од видот на доброто и услугата се разликуваат различни видови на пазари како и границите на кој се простира тој пазар се разликуваат следните видови пазари : пазар на пари , пазар на капитал , должнички пазар, меѓународен пазар, национален пазар, пазар на стоки, пазар на услуги.Бидејќи нашата тема е да го обработиме пазарот на капитал и неговите видови ќе обрнеме повеке внимание на пазарот на капитал. Пазарот на капитал од институционална гледна точка претставува интегрален дел од финансискиот пазар, односно тој всушност претставува организирано сретнување на понудата и побарувачката на слободни долгорочни средства.А долгорочни средства се средства кои достасуваат во рок подолг од една година.пазарот на капитал е пазар на кој се тргува со должнички инструменти .Примарна функција на пазарот на капитал е да ги финансира долгорочните инвестиции на фирмите, државата и домакинствата.Тргувањето на пазарот на капитал овозможува изградба на фабрики, патишта у,чилишта и др. Пазарот на капитал може да се разгледува во потесна и поширока смислам.Во потесна смисла тој опфаќа емисија и промет на долгороќни хартии од вредност и тоа акции и обврзници на корпорации, обврзници на централните и локалните органи и институции. Во пошитока смисла тој опфака долгорочно финансирање на инвестициите и класичното банкарско долгорочно кредитирање.
2. Суштина на темата.
Пазарот на капитал како организациона форма на сретнување на понудата и побарувачката на долгорочни слободни финансиски средства се состои од 2 сегменти :
Пазар на долгорочни парични средства
Пазар на долгорочни хартии од вредност
Пазарот на долгорочни парични средства претставува всушност долгорочно кредитирање за инвестициите и тој се остварува по пат на контакти меѓу економските субјекти, деловните банки, финансиските институции, инвестиционите фоиндови.Овој пазар опфаќа:
Пазар на долгорочни инвестициони кредити ( на кој се дава , зема и користи долгорочен капитал во форма на долгорочни-инвестициони фондови)
Пазар на хипотекарни кредити( на кој се користи капитал во форма на хипотекарни кредити)
Пазарот на долгорочни хартии од вредност опфаќа емисија и промет на долгорочни хартии од вредност(ефекти). Тој се дели на :
Примарен пазар на капитал
Секундарен пазар на капитал
Терцијален пазар на капитал
Квартален пазар на капитал
Предноста на пазарот на капитал е во однос на ликвидноста на средствата на потенцијалните инвеститори и нивна поголема можност за оплодување на капиталот (во однос на каматните стапки за депонираните парични средства кај банките)
Приносите на пазарот на капитал можат да бидат во неколку видови и тоа како:
*дивиденда –што ја добиваат сопствениците на акциите
*камата-што ја добиваат сопствениците на обврзници
*капитална добивка –којашто претставува пазликата меѓу продажната и куповната цена на капиталот, односно меѓу продажмата и куповната цена на хартиите од вредност .
Вложениот капитал секогаш носи со себе и определен ризик, зависно од големината на приносот што се очекува. Етимолошки зборот ризик потекнува од латинскиот збор рисцио што упатува на опасност да се пропадне, изгуби. Од аспект на детерминантите ризиците најчесто се групираат на: нестопански ризици, како резултат на нестопански (неекономски) детерминанти (војна, елементарни непогоди...) и стопански ризици, како резултат на стопанските (економските) детерминанти. Но, во пазарот на капитал се сретнуваат следните ризици:
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET