Nevrabotenost vo EU (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Nevrabotenost vo EU (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ:
„ “
ТЕМА:
„СТАПКАТА НА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ ЗА 2012 НАСПРОТИ 2011 ГОДИНА“
Ментор: Изработила:
Проф. Д-р.
Број на индекс:
Скопје, ноември - 2012
СОДРЖИНА:
ВОВЕД..................................................................................................................2
СТАПКАТА НА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ ЗА 2012 НАСПРОТИ 2011 ГОДИНА................................................................................................................3
ЗАКЛУЧОК..........................................................................................................13
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА..............................................................................15
ВОВЕД
Невработеност претставува социјално-економска појава, при која дел од активната работна сила во определена држава или регион бара работа но истата не можа да ја пронајде. Како невработени според законот се сметаат оние работници кои имаат навршено шеснаесет години, кои се способни за работа и самите сакаат да работат, но немаат каде.
Процентот за пресметување на бројот на невработените се пресметува кога вкупниот број на невработените работници ќе се подели со бројот на населението кое е способно за работа и тоа од 16 до 65 години. Постојат повеќе типови на невработеност: моментална, структурна, циклична, класична и техничка невработеност.
Невработеноста е сериозен проблем на секоја национлана економија, без разлика на големината, степенот на развиеност или начинот на државното уредување. Невработенсоста е негативна појава во целиот свет каде економско – социојалните последици на невработенсоата ги деградираат, економските, политичките и социјалните односи во секоја држава. Заради тоа, решавањето на проблемот со невработенсота е еден од првите во агендата на секоја сериозна влада. Таква е и ситуацијата со Европската Унија.
2. СТАПКАТА НА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ ЗА 2012 НАСПРОТИ 2011 ГОДИНА
Статистиката говори дека состојбите во европската економија кон крајот на 2011 година и почетокот на 2012 беа полоши од очекувањата и се движеа во просек од 10,7 отсто за месец јануари 2012 година. А, бидејќи должничката криза во Европа ја достигна својата кулминација на крајот од 2011, се доведе во прашање и опстанокот на европската валута.
Според официјалната статистика, стапката на невработеност во 17 земји од еврозоната достигна 10,4 насто на крајот на 2011 година, односно месец декември 2011. За споредба, стапката на невработеност е дополнително зголемена  за 1,0 насто од крајот на 2010 година. Според официјалната агенција на ЕУ за статистика Евростат, речиси 16,5 милиони луѓе биле невработени во еврозоната до крајот на 2011 година.
Германија бележи позитивни резултати и ја има намалено невработеноста за 5,6-5,5 насто. Сепак ова не е доволно да ја смени сликата на целокупниот резултат на еврозоната. Најголема стапка на невработеност има во Шпанија, каде околу 22.9 насто од населението е без работа, а по неа следи Грција со 19.2 насто. Земјата со најниска стапка на невработеност во еврозоната е Австрија со 4.1 насто, а по неа следи Холандија со 4.9 насто. Бидејќи голем број на европски земји влегоа во рецесија проследена со драстично зголемување на долгот и невработеноста, при што во некои од нив како Шпанија и Грција, стапката на невработеност достигна над 24%.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET